Вонредно изборно Собрание на ДПМ на 25 ноември

October 10, 2023
1 min read

Претседателката на Собрание на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Кристина Николовска соопшти дека на 25 ноември ќе свика вонредно изборно Собрание, поради актуелната состојба.

Врз основа на Статутот на Друштвото на писателите на Македонија, а во својство на Претседателка на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија, свикувам вонредно изборно Собрание за ден 25.11. 2023 година, поради актуелна состојба, напиша денеска Николовска на фејсбук страницата на Друштвото.

Инаку, вчера писателот Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

Оставката на Петрески доаѓа откако во петокот беше објавено дека седум писатели поднесоа оставки од членство во претседателството на ДПМ. Оставки, како што беше соопштено, поднесоа Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина Мијаковска и Александра Јуруковска. Оставка поднесе и писателот Бранко Цветковски. Тие не ги соопштија причините за оставките.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дисциплинска постапка за полицискиот службеник за објави на ФБ за нападите на Хамас врз Израел

Следно

Хамас ја префрли Пакс Американа во читанките по историја

Latest from Blog

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Министерството за спорт и САДУ потпишаа колективен договор: Етапно зголемување на платите до 21% и бројни придобивки за вработените

Министерството за спорт претставено од министерот Борко Ристовски и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, денеска склучија Колективен договор за вработените во Министерството. Ова, како
Go toTop