Претседателот на Србија изјави дека е задоволен од вонредната седница, чија иницијална каписла беа последните случувања на Косово, чии власти недоамна го укинаа динарот како платежно средство. Вучиќ посочи дека интегритетот на Србија е нарушен и побара од Советот итни и решителни чекори за да се запре прогонот на Србите од Косово и да се создадат услови за продолжување на нормалниот дијалог меѓу Белград и Приштина.
„Лесно е за мене да Ве погледнам во очи и да кажам дека Србија е независна, суверена и слободољубива земја, ние не сме марионети никому, ниту на САД, ниту на Русија или било која друга земја во светот. И тоа така ќе остане.“- Александар Вучиќ, Претседател на Србија.
Курти одговори дека косовската влада е подготвена да обезбеди доволно време за транзиција за укинување на динарот како платежно средство, и најави дека за проблемот ќе им понуди повеќе информации на косовските Срби за тоа прашање. Според Курти грижата на Белград не е употребата на динарите, туку спречувањето на илегалниот тек за префрлање вреќи со пари на северот на Косово. Тој го повика Вучиќ веднаш да го потпише Бриселскиот договор и анексот за имплементација од Охрид и така да покаже дека е посветен на добрососедските односи со Косово.
„Србија исто така отфрли две клучни обврски, да не се противи на меѓународното членство на Косово и да го почитува територијалниот интегритет. Ова одбивање сугерира на подготвеност да се задржи опцијата за инвазија на Косово. Во таа смисла на потпишувањето на договорот, тоа не е обична формалност, туку е единствена гаранција за негова целосна и безусловна имплементација.“- Албин Курти, Премиер на Косово.
Инаку шефицата на мисијата на ОН на Косово Каролин Зајаде, во видео обраќање до Советот оцени дека едностраните дејствија и отсуството на комуникација меѓу Белград и Приштина, доведуваат до влошување на состојбата и несигурност, а забраната на динарот ги става косовскитре Срби во финансиски ризик. Албанскиот премиер Еди Рама седницата на ОН ја оцени како бесмислена и повтори на обврската двете страни да се фокусираат на дијалогот под покровителство на ЕУ.
Извор: kanal5.com.mk