Волстрит благо порасна, инфлацијата во САД попушта

May 11, 2023
1 min read

Инвеститорите беа фокусирани на вчерашните податоци за инфлацијата, кои беа во согласност со очекувањата. На месечна основа, потрошувачките цени во април пораснале за 0,4 отсто, додека растот на годишна основа забави од 5 на 4,9 отсто

На Волстрит, индексот S&P 500 порасна во средата, како и Nasdaq, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од податоците кои покажуваат дека американската инфлација постепено се намалува. Dow Jones ослабе за 0,09 отсто, на 33 531 поен, додека S&P 500 зајакна за 0,45 отсто, на 4 137 поени, а индексот Nasdaq за 1,04 отсто, на 12 306 поени.

Инвеститорите беа фокусирани на вчерашните податоци за инфлацијата, кои беа во согласност со очекувањата. На месечна основа, потрошувачките цени во април пораснале за 0,4 отсто, додека растот на годишна основа забави од 5 на 4,9 отсто.

Инфлацијата постепено попушта откако го достигна својот врв на 9 отсто во средината на минатата година, но сепак е значително повисока од целното ниво од 2 отсто на американската централна банка. Иако не се спектакуларни, новите податоци за инфлацијата го зајакнаа верувањето на инвеститорите дека ФЕД ќе ги задржи каматните стапки на сегашното ниво неколку месеци додека ситуацијата не стане појасна.

„Пазарот реагираше позитивно бидејќи инвеститорите сметаат дека податоците за инфлацијата се малку позитивни. По последното зголемување на каматните стапки, очекуваме ФЕД да не ја заостри монетарната политика во наредните месеци, туку да чека понатамошен развој на ситуацијата“,

вели Мајкл Харис, претседател на фондот „Квест партнерс“.

За растот на S&P 500 и Nasdaq индексите главно придонесе растот на цените на акциите на технолошките гиганти. Цената на Алфабет скокна за повеќе од 4 отсто, додека акциите на Епл и Мајкрософт пораснаа за повеќе од 1 отсто.

На европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,29 отсто, на 7 741 поен, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,37 отсто, на 15 896 поени, а париски CAC 0,49 отсто, на 7 361 поен.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пиоли: Мора да веруваме и во реваншот

Следно

Во новите израелски напади на Газа загинаа три лица

Latest from Blog

Кривична пријава за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги

Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата“ по чл.354,

Обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ доставен до Основен кривичен суд Скопје

Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, согласно решението на Врховниот суд на РСМ,

Во бомбашки напад врз владино возило во Северозападен Пакистан загинаа четири лица

ИСЛАМАБАД (АА) – Најмалку четири лица загинаа, а 11 се повредени откако врз владино возило е извршен бомбашки напад покрај патот во северозападната покраина Хајбер Пахтунхва, изјави официјален претставник, јавува Анадолу. Службеното
Go toTop