Војна за цензус во економско социјалниот совет – ССМ обвинува за удар од Владата, ВМРО-ДПМНЕ негира политичка заднина

June 8, 2025
2 mins read

Со измените на Законот за работни односи предложени од група владејачки пратеници, се предвидува да се намали цензусот за репрезентативност на синдикатите од 10 на 5% за членство во Економско социјалниот совет. Со ова се отвори нов фронт меѓу ССМ и владата. Од Сојузот сметаат дека промените се насочени против нив, а не за навистина посилно застапување на работниците.

„ССМ мета дека последните измени на Законот за работните однос без социјален дијалог, по скратена постапка со намалување на репрезентативноста од 10 на 5 проценти само за удоволи на еден синдикат, кој патем смета дека минималната плата на работниците им е доволна и не бара зголемување на останатите плати е потег кој треба да ги загрижи работниците“, изјави Слободан Трендафилов, лидер на ССМ.

„Па да бидеме реални, ние не го сметаме синдикатот дека иде контра интересите на Владата и ова не е удар кон ССМ, тука ова е начин да се даде можност сите синдикати да бидат седнати на таа маса и заеднички, пред унифицирано дејствување, да ги бранат интересите на работниците“, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

ССМ тврди дека измените доаѓаат во момент кога само тие добиле потврда за репрезентативност од 10 отсто, што дополнително отвора сомнеж за намерите на властите. Економско социјалниот совет, велат, со месеци не функционира, а сега добива нови играчи – по вкус на владата.

„Владата и работодавачите добиваат уште еден сојузник на нивна страна наместо на страна на работниците. ССМ ќе биде принуден, наместо како до сега да се бори против ставовите на владата и против ставовите на работодавачите, а во интерес на работниците, да се бори и против уште еден синдикат кој се бори исто така против работниците“, изјави Слободан Трендафилов, лидер на ССМ.

Од ВМРО ДПМНЕ пак со поинакво читање на ситуацијата. Велат, мерката била договорена во ЕСС со консензус. Целта е демократизација на застапеноста.

„Важно е да се укаже дека ова е барање и од Европската и Светската конфедерација на синдикални организации, но и од друга страна заради тоа што сметавме дека на ваков начин ќе се демократизира синдикалното претставување. Што значи тоа? Тоа значи дека повеќе синдикати ќе имаат право на глас на Економско социјалниот совет и на таков начин ќе може многу посуштински и посилно да ги бранат своите барања и пред работодавачите, но и пред владата“, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако се отвори дилемата дали станува збор за нова пресметка со ССМ поради нивните критики кон власта, од ВМРО ДПМНЕ негираат политички мотиви и инсистираат дека ваквиот потег ја отвора вратата за поширока застапеност.

„Тука не се работи воопшто за контрола врз синдикатите и повторно ќе кажам, не е политичко пресметување, туку е нешто кое што, прво, тие дале согласност на тоа да се случи, а второ, вие ако добро го изанализирате овој дел од функционирањето на Економско социјалниот совет, ќе видите дека ваков начин, практично, им се дава многу повеќе можност на работниците да ги претставуваат своите барања“, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ССМ, пак, порачуваат дека ништо не е случајно што токму сега, кога по Закон повторно се најдоа на маса во ЕСС, да се менуваат правилата на игра.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ван Гал: Манчестер јунајтед е комерцијален, а не фудбалски клуб

Следно

Израел ослободи 12 затвореници од Газа по повеќемесечно изгладување и тортура

Latest from Blog

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

Од грчката полиција соопштија дека по темелна истрага на полициската станица Касандра, беа расветлени вкупно 13 кражби во различни делови на Халкидики. Уапсениот бил откриен додека управувал возило што со неговиот соучесникот

Ристовски: Самитот „Скопје 2025“ ја потврдува важноста на спортот во создавање просперитетно и современо општество

Скопје, 10 септември 2025 – Регионалниот спортски самит „Скопје 2025“ денеска ја истакна улогата на спортот како клучен фактор за здраво, современо и просперитетно општество. Настанот, под покровителство на Министерството за спорт

Димитриеска-Кочоска најавува зголемено вложување во спортот

Скопје, 2025 – На Регионалниот спортски самит во Скопје, министерот за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека спортот е стратешки приоритет за развој на здрава и победнички ориентирана нација. „Ако сакаме силна економија,

УМС Пробиштип ја продолжи традицијата со турнир во мал фудбал за 8 Септември

По повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, во Пробиштип се одржа традиционалниот турнир во мал фудбал, за кој Унијата на млади сили – Пробиштип одржува континуитет од 2016
Go toTop