Воениот кабинет на Израел ги одобри упатствата за преговори за размена на затвореници со Хамас

February 25, 2024
1 min read

АЛ-КУДС (ЕРУСАЛИМ) – Воениот кабинет на Израел денес ги одобри упатствата за преговори со Хамас во врска со договорот за размена на затвореници, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу.

Овој потег следеше по разговорите што се одржаа во Париз во петокот меѓу претставниците на Израел, Соединетите Американски Држави (САД), Катар и Египет во врска сол договор за размена на заложници и затвореници меѓу Тел Авив и Хамас.

„Штом Хамас ќе ги прифати овие упатства, Израел ќе испрати делегација во Катар за да ги продолжи разговорите за размена на заложници“, објави весникот „Једиот Ахронот“. Не се објавени детали за упатствата.

Во веста се вели допрва треба да се разговара за многу детали, вклучувајќи ги условите на предложениот прекин на огнот, повлекувањето на израелските сили од Газа и враќањето на раселените Палестинци во северните делови на Појасот Газа.

Според официјалните извори, се верува дека Хамас држи повеќе од 130 израелски заложници заробени по прекуграничниот напад на 7 октомври, додека Израел во своите затвори држи најмалку 8.800 Палестинци.

Во претходниот договор, во ноември беа ослободени 81 Израелец и 24 странски државјани во замена за 240 Палестинци, меѓу кои 71 жена и 169 деца.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени најмалку 29.692 Палестинци, воглавно деца и жени, а ранети се повеќе од 69.879 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава. Се претпоставува дека под урнатините се наоѓаат илјадници мртви.

По обвинението за геноцид што го поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Меѓутоа, израелските сили и понатаму продолжуваат со нападите врз Појасот Газа.

Според податоците на Обединетите нации, 85% од населението на Појасот Газа е интерно раселено и се соочува со акутен недостаток на храна, чиста вода и лекарства, додека околу 60% од инфраструктурата во Појасот Газа е оштетена или уништена.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грчките земјоделци утре на голем протест на Евзони, еве дали граничниот премин ќе биде затворен

Следно

„Турската одбранбена индустрија испишува историја“

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран
Go toTop