Воената тајна на Украина: колку војници загинаа?

February 27, 2023
2 mins read

За разлика од првите денови на војната кога пред канцелариите на украинската армија имаше редици од луѓе што чекаат да се пријават за одбрана на земјата, денес речиси и да нема интерес меѓу народот, или како што за британски Тајмс ќе објасни еден офицер „тие што сакаа да се приклучат, се приклучија пред една година.“

„Тогаш немавме опрема и обука, ниту панцири, па не можевме сите да ги примиме. Сега, во текот на годинава како што ни требаат луѓе ги бараме оние кои тогаш не влегоа, па секако дека заради тоа имаме помалку новопријавени,“ објаснува наредникот на територијалната одбрана на Киев, Сергеј Забавски.

Друга важна причина за намалениот интерес е што луѓето по една година им стана јасно дека ова оваа војна ќе трае уште долго, а битките, како онаа кај Бахмут, ќе продолжат да бидат безмилосни и ќе се губат илјадници животи.

„Тоа е и причината зошто момците одат на замрзнување сперма пред да тргнат на фронтот,“ пишува Тајмс, услуга која некои тамошни клиники почнаа бесплатно да ја даваат.

За сега единствен показател за бројот на загинати украински војници се новите гробишта во бројни предградија кои секојдневно се прошируваат и дополнуваат со нови редови тазе ископани гробови, закитени со по едно знаме за секој загинат Украинец.

Британското воено разузнавање кое е прво во објавување на бројот на руски жртви во војната (последно од нив е 180.000 загинати или ранети Руси), спорадично вади процени и за украинската страна, која според нив до сега има изгубено меѓу 80 и 100 илјади луѓе.

Последна официјална информација на темава од украинска страна дојде пред 3 месеци од советникот на Зеленски, Михајло Подолјак, според кого во оваа една година војна загинале меѓу 10 и 13 илјади украински војници.

Зеленски во обраќањето за годишнината од почетокот на војната малку поинаку ги опиша работите „речиси секој Украинец има барем еден контакт во својот телефон кој никогаш повеќе нема да му крене.“

Дури и да не се работи за воена тајна која се крие заради општиот морал на војската, Украинците најчесто не знаат дали нивните блиски загинале на фронтот, а преземањето на телата во голем број случаи е невозможно бидејќи тие останале на територија под руска контрола.

Ова е проблем и покрај тоа што Русија и Украина по неколку пати месечно ги разменуваат своите мртви. Украина тврди дека на овој начин ги вратила телата на 1.200 војници.

Иако нема официјална мобилизација Украина им забрани на сите мажи на возраст од 18 до 50 години да ја напуштат земјата, а од пред некое време казната за дезертирање е зголемена на 12 години затвор.

Тајмс пишува и за незадоволството на дел од регрутираните војници од тоа што во градови како Киев животот делумно се вратил на времето пред војната, па кафулињата и дискотеките повторно се полни, но со поинакво работно време бидејќи навечер мора порано да затвораат заради полицискиот час.

Поранешниот прв човек на британскиот генералштаб, генерал Ричард Баронс, за Тајмс објаснува дека на Украина и се потребни 200.000 војници на военото поле за да го одбрани 2.500 километри долгиот фронт и на тој начин што е можно повеќе да ги растегне руските сили.

„Имајќи предвид дека стапката на жртви во стварно лош ден е од 200 до 300 загинати, почнува да ти станува јасно колку луѓе ти требаат за да ги замениш,“ објаснува Баронс.

Неговата стручна процена е дека на Украина и е многу повеќе потребна муниција отколку луѓе. Процените на Баронс се дека Украина месечно троши по 90.000 155-милиметарски гранати, некогаш достигнувајќи и по 6.000 на ден, а заедничкиот месечен капацитет за производство на САД и Европа е 30.000 155-милиметарски гранати.

Во исто време Русија троши по 20.000 вакви гранати на ден, и процените се дека тие имаат истрошено 10-годишно производство во рок од 12 месеци.

„Војните се добиваат и губат од цивили а Украина се уште е во раните фази на мобилизирање на своите цивили,“ изјавува Баронс, според кого војнава многу наликува на Првата светска војна која првично сите веруваат дека ќе биде кратка, остра и одлучна.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Марка објави, еве кои ќе бидат добитниците на ФИФА наградите

Следно

„Таргет-Тврдина“ завергла на новиот старт: Судот не испратил наредба за спровод на обвинетиот Јакимовски

Latest from Blog

Пленковиќ: Имав многу добар разговор со Трамп

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави премиерот на X. – Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп

НБА: Ванвлит казнет со 50.000 долари

Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата. Ванвлит доби техничка грешка во последните моменти

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни. Исплатата
Go toTop