По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во општина Пробиштип традиционално се одржа фрлањето на светиот крст во осветените води во Злетово и во Аква паркот во Пробиштип.

Во Злетово, најсреќен беше Давид Демјанов, кој прв доплива до светиот крст, додека во Пробиштип честа му припадна на Стефан Наков. Голем број верници и граѓани присуствуваа на настаните, а десетици млади храбро влегоа во студените води, почитувајќи ја вековната православна традиција.

Од општината упатија честитки до најсреќните учесници, како и до сите кои учествуваа во чествувањето, со желби празникот да донесе здравје, мир и благосостојба во секој дом.
Бог се јави!


