Шамбевски: Македонија принципиелно се позиционира во меѓународните односи, штитејќи ги своите интереси

March 5, 2026
1 min read

Поранешниот амбасадор и пратеник, Оливер Шамбевски, во „Наткаст“ на КУРИР изрази очекување дека 2026-та ќе биде турбулентна година која ќе води кон редефинирање на меѓународните односи, вентрите на моќ, алијансите.

-Меѓутоа сериозно не очекувам во однос на Македонија дека ние би се изместиле од она што ни е стратешка определба, од она што ни е желба на државата, на општеството каде да припаѓаме. Мислам дека за нас би била интересна оваа година, мораме да ги искористиме сите можности кои ќе ни бидат на располагање. Засега ова што го гледам, Владата многу добро го прави. Останува да следиме до крај, рече Шамбевски.

Тој посочи дека редефинирањето на меѓународниот правен поредок мора да ги земе предвид загриженостите на помалите држави.

-Помалите држави не секогаш имаат поинаков штит од меѓународното право во заштита на сопствените интереси. Не сме наивни, во текот на историјата можнитедржави го прават тоа што можат, а малите тоа што мораат, меѓутоа барем имаше некоја гаранција дека имаш како, во крајна линија, долгорочно барем, да си ги заштитиш своите интереси и позиции. Тоа не смее да исчезне од меѓународното прави, посочи Шамбевски во „Наткаст“.

Тој оценува дека Македонија принципиелно се позиционира во меѓународните односи, штитејќи ги своите интереси.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски и Божиновска на средба со претставници од нафтената индустрија – Фокус на стабилноста на пазарот на горива

Следно

Шпанија го отфрла тврдењето на Руте за „МАСОВНА ПОДДРШКА“ ЗА ВОЈНАТА СО ИРАН ОД СОЈУЗНИЦИТЕ НА НАТО

Latest from Blog

Зошто повеќето играчи на Светското првенство носат розеви копачки?

Фото: ФИФА Х Гледачите по првите натпревари од Светското првенство во 2026 година, покрај головите и движењата на теренот, забележаа и еден необичен детал – речиси сите фудбалери носат розеви фудбалски копачки.

Трамп уште еднаш најави договор со Иран за ставање крај на војната

Трамп уште еднаш најави рамковен договор со Иран за ставање крај на војната. „тукушто постигнавме одличен договор за војната со Иран“изјави американскиот преседател  додавајќи дека документите  требало да бидат готови и можеби

Прилеп гради нови меѓународни партнерства: Проданоски со средби во Швајцарија и Холандија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека во изминатиот период бил дел од две значајни меѓународни посети во Швајцарија и Холандија, кои, како што истакна, овозможиле размена на искуства, стекнување нови

Стартни три за „Ел Три“, три црвени картони, и прв гол за Хименез на мундијалите (ВИДЕО)

фото: EuroFoot (X) Во реприза на мечот од СП 2010 година, селекцијата на Мексико славеше со 2:0 против Јужна Африка на отворањето на Мундијалот 2026. Вечерва на „Естадио Ацтека“, Мексиканците во многу

Трамп крена рачна

„Врз основа на фактот дека дискусиите со Исламската Република Иран се однесени на највисоките нивоа на иранското раководство и се одобрени, јас, како претседател на Соединетите Американски Држави, ги откажав закажаните напади
Go toTop