Водата во Крива река е сериозно загадена, последните анализи покажуваат дека сите параметри се неколку пати над дозволеното

April 3, 2025
1 min read

Центарот за јавно здравје Куманово потврдува присуство на тешки метали во водата на Крива Река – манган, цинк, олово и кадмиум ја надминале граничната вредност и ја направиле водата во реката неупотреблива без претходна обработка, изјави градоначалникот на Крива Паланка, по барање на риболовното здружение „Мрена” кое ги нарачало овие дополнителни анализи. 

Ова се четврти анализи направени од различни лаборатории за состојбата на водата во Крива Река по тие на општината Крива Паланка, компанијата Булмак 2016 и Министерството за животна средина, кои се уште не се пристигнати, три недели после истекувањето на јамската вода од рудникот Тораница во Тораничка река.

– За нас ќе бидат валидни само анализите направени од страна на лабораторијата на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Се тестира водата и од Крива Река и од Тораничка. Треба да има одговорност доколку некоја од анализите на Општината, компанијата или риболовното здружение не ја покажуваат вистината. – Министерство за животна средина.

Од Обвинителството велат дека ќе има и дополнителни вештачења.

– Оформен е предмет, се преземаат дејствија на проверки. Инспекторите кои постапувале доставија извештај од преземените дејствија до обвинителството. Ќе се наредат и соодветни вештачења за испитување на сите околности. До овој момент не е пристигната пријавата од градоначалникот. – Основно Јавно обвинителство.

Додека градоначалникот на Крива Паланка тврди дека водата во Крива Река е екстремно загадена, од компанијата Булмак 2016 велат дека дури и тоа да е така, според нивните анализи, загаденоста не доаѓа од јамската вода која истекла при пукнување на цевката и апелираат до надлежните институции да истражат  други потенцијални загадувачи.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамилтон: Имам 100 проценти верба во тимот на Ферари

Следно

Рубио: САД остануваат во НАТО, но Алијансата мора да биде посилна

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop