Во зори, Русија изврши нов ракетен напад на Украина

May 1, 2023
1 min read

Пред три дена, во серија руски напади насочени кон централниот град Уман беа убиени 23 лица. За овие напади, Русија соопшти дека нејзината војска целела на резервните единици на украинската армија

Фотографија за последиците од руските напади објави гувернерот на областа Днепропетровск, Серхиј Лисак

Во утринските часови, Русија изврши серија ракетни и артилериски напади врз Украина што е втор напад во последните три дена.

Едно лице загинало во регионот Херсон, а 25, меѓу кои и три дена, се повредени во областа Днепропетровск, јавува Би-би-си.

Енда од главните цели на Русите бил градот Павлорад во близина на Днипро, а официјален претставник на Кремљ, Владимир Рогов, на Телеграм објави дека проектилите биле насочени кон железничката инфраструктура и складиштата за гориво.

Меѓутоа, како што јавуваат медиумите, оштетени се и 19 висококатници, 25 куќи, шест училишта и градинки, како и пет дуќани.

Украинската војска, пак, веќе подолго време зборува за голема контраофанзива, но досега не е прецизирано кога и каде би можела таа да се случи. За нападот денеска наутро, пак,

Павлорад, кој бил мета на руските сили, е на територија под контрола на Украина и се наоѓа на околу 110 километри оддалеченост од линијата на фронтот.

За регионот Херсон, пак, регионалните власти соопштија дека Русите извршиле 39 гранатирања. Тие доаѓале и од копно, како и од дронови и авиони.

И во Киев, шефот на градската воена администрација, Сергхи Попко, рече биле соборени проектили во воздушниот простор на градот.

Пред три дена, во серија руски напади насочени кон централниот град Уман беа убиени 23 лица. За овие напади, Русија соопшти дека нејзината војска целела на резервните единици на украинската армија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Осумгодишник силуван од двајца малолетници помлади од 14 години

Следно

ФОТО: Првото одбележување на денот на трудот во Скопје

Latest from Blog

Започнува чистењето на Скопје, Меџити: Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје

По неколку тешки недели, кога Скопје беше преплавено со отпад поради блокади и негрижа, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заедно со премиерот Христјан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва излегоа

Собослаи ќе добие нов договор во Ливерпул и ќе биде нов капитен

фото: LFC (X) Доминик Собослај е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул од почетокот на сеозната, па клупското раководство веќе размислува да му понуди нов договор. Капитенот на унгарската репрезентација наскоро ќе
Go toTop