Во Туркије утре се одржува вториот круг претседателски избори

May 27, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Утре во Туркије се одржува вториот круг гласање за избор на претседател откако ниеден кандидат не успеа да го достигне прагот од 50 отсто во првиот круг одржан на 14 мај, јавува Анадолу.

Гласањето ќе започне утре (недела) во 8 часот по локално време и ќе заврши во 17 часот по локално време.

Регистрирани се над 60 милиони гласачи, од кои 4,9 милиони гласаат првпат.

Во земјата се поставени вкупно 191.885 гласачки кутии.

Според Врховната изборна комисија на Туркије, над 1,89 милиони луѓе (1.895.430) веќе го дадоа својот глас во турските претставништва во странство и на граничните премини до 10 часот по локално време во четвртокот.

Гласањето во дипломатските претставништва заврши во среда, а гласањето ќе продолжи на граничните премини до 17 часот по локално време во недела.

На изборите на 14 мај вкупно 1.839.470 турски државјани во странство излегоа на гласање на претседателските и на парламентарните избори.

Оние што не можea да гласаат во определеното време во земјата на живеење, ќе може да гласаат на граничните премини до 17 часот во недела.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган вчера ги повика луѓето да излезат на гласање.

„Утре да одиме на избори заедно за победа на Голема Туркије. Да ја отсликаме волјата што се манифестира на Парламентот на 14 мај за претседател овој пат многу посилно“, напиша Ердоган на Твитер.

„Да го започнеме Столетието на Туркије со нашите гласови“, додаде тој.

Милиони гласачи излегоа на гласање на 14 мај за да ги изберат претседателот на земјата и членовите на Парламентот што се состои од 600 места.

Народна алијанса на Ердоган освои мнозинство во Парламентот, додека претседателската трка отиде во вториот круг бидејќи ниту еден кандидат не доби просто мнозинство или повеќе од 50 отсто од гласовите. Ердоган водеше првиот круг со освоени 49,52 отсто од гласовите.

Ердоган во вториот круг ќе се соочи со Кемал Киличдароглу, лидер на главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) и заеднички кандидат на шестпартиската опозициска Национална алијанса.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ново издание на 360°: Зошто граѓаните да веруваат во „брза патека за ЕУ“ по сите изневерени очекувања?

Следно

Асенсио би можел да ја продолжи кариерата во ПСЖ

Latest from Blog

Филков му врати на Милошоски: Очигледно е неинформиран и изолиран, го упатувам во партија или пак во Влада – можеби конечно ќе го известат за постапките!

Министерот за правда Игор Филков вечерва испрати реакција по повод изнесените наводи на Антонијо Милошоски во Топ тема на Телма. „Кусурот на Груевски, познат под прекарот „Џуџето од Небрегово“, а јавноста добро

Пука ли владината коалиција? Милошоски со критики за Филков

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, Министерот за правда Игор Филков има слаби перформанси. Во Топ Тема на Телма, Милошоски ја коментираше работата на Филков, кој доаѓа од ЗНАМ, партија од владината

ДХЛ ќе ги доставува ковертите со гласачки ливчиња за албанската дијаспора во 85 земји

Поштенската компанија „ДХЛ“ ќе ги транспортира гласачките ливчиња, за мајските парламентарни избори, до албанските иселеници, во 85 земји во светот, процес кој Албанија ќе ја чини 10 милиони евра. -Распределбата на 245.808

Затворен е кружниот ток што води накај Драчево и Батинци поради излевањето на Маркова река

Поради обилните врнежи од дожд, Маркова Река се излеа во село Батинци, предизвикувајќи поплави на улиците и дел од домовите. Надлежните служби се на терен и работат на враќање на реката во
Go toTop