Во Туркије поради земјотресот прогласена седумдневна жалост

February 6, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Поради разорните земјотреси во јужните области на Република Туркије, во кои загинаа стотици луѓе, во земјата е прогласена седумдневна национална жалост, потврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

„Поради земјотресот во Туркије прогласена е национална жалост во траење од седум дена“, наведе Ердоган и додаде: „Нашето знаме ќе биде спуштено на половина копје во сите наши претставништва во земјата и во странство до зајдисонце во недела, 12 февруари.“

Најмалку 1.651 лице загинаа, а 11.119 се повредени во земјотресите во Туркије, потврди денеска турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер утрово го погоди југот на Туркије. Епицентарот на земјотресот е регистриран во округот Пазарџик во Кахраманмараш, Туркије.

Потоа, нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтер во 13:24 часот го погоди дистриктот Елбистан, исто така во Кахраманмараш.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Аеродром ќе донира финансиски средства за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Следно

Вечерва во 360°: Пушењето аут, вејпањето ин – како шарените електронски цигари го наоѓаат патот до малолетниците

Latest from Blog

Февруари со надолен тренд на цените на мало

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, цените на мало во февруари 2026 година се намалени во споредба со јануари. Индексот на цените на мало изнесува 99,7, што значи пад од

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување

Во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Кочани не е примена документација во врска со дискотеката „Пулс“, сведочеше вработена во ова подрачно одделение. На денешното судење за пожарот во
Go toTop