Во цела Европа нема поголем аутсајдер од Македонија која ќе гостува кај Швајцарија (Фото)

October 4, 2026
1 min read

До крајот на овој циклус од мечевите во Лига на нации остануваат само уште неколку дена, а сите репрезентации ќе одиграат уште по еден натпревар. Од сите четири сегменти, А, Б, Ц и Д, македонската репрезентација е една од они екои најмногу разочараа.

По три одиграни меча, Македонија нема ниту еден освоен бод и ниту еден даден гол, па логично е последна во група каде се и Швајцарија, Шкотска и Словенија. Следниот предизвик за Македонија е дуелот против Швајцарија на гости во Луцерн.

Ако се знае дека пред 10-тина дена Швајцарија во Скопје победи убедливо со 3:0 и имаше целосна доминација, јасно е зошто тие се апсолутни фаворити против Македонија, па за победа на домаќините на дуелот во Луцерн коефициентот е само 1.11. Да слави Македонија на ова гостување следува џиновска квота од дури 22.

Од сите 21 натпревари во цела Европа, нема поголем фаворит од Швајцарија. Ако се знае како играше Македонија во претходните три меча, во кои упати само еден удар во рамките на голот, јасно е зошто сме најголеми аутсајдери во Европа.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Следно

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Latest from Blog

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата
Go toTop