Во Тетово нападнат Дритон Небиу, директорот на Агенцијата за одземен имот

February 5, 2024
1 min read

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, бил физички нападнат во ресторанот Седра во Тетово, по зовревањето на тензиите во Алијанса за Албанците.

Во партијата на Арбен Таравари беше одлучено на парламентарните избори да се оди заедно во коалиција со албанскиот опозициски блок, но со тоа не се согласува поранешниот лидер Зијадин Села, по што во Алијанса настана голема тензија и несогласување меѓу членството.

Небиу бил нападнат од Кренар Османи, близок соработник и поддржувач на Таравари. Небиу ја потврди информацијата дека вчера бил физички нападнат од Кренар Османи и рече дека инцидентот го пријавил и во МВР.

„Во СВР-Тетово пријавено е дека во хотелски објект на улица Илирија во Тетово лицето Н.Д., физички бил нападнат од тетовецот К.О. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од СВР Тетово.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на турската дипломатија предупреди на потенцијална ескалација во регионот

Следно

Грчките земјоделци продолжуваат со симболичните блокади

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop