Во тек е евакуација на северот на Чешка поради големите поплави

September 17, 2024
1 min read

ПРАГА (АА) – Поплави зафатија делови од Чешка, особено северниот дел, каде што повеќе од 50.000 домаќинства останаа без струја, а спасувачите се обидуваат да го евакуираат загрозеното население, пренесува Анадолу.

Противпожарната и спасувачката служба на Чешка објави снимка на која се гледаат поплавените области со оштетени куќи и патишта, како и борбата на спасувачките тимови со поплавите и обидите да го спасат цивилното население.

„Мораме да бидеме подготвени за најлоши сценарија. Пред нас е тежок викенд“, предупреди минатата недела чешкиот премиер Петр Фиала.

Чешките власти соопштиле дека едно лице го загубило животот, а осум лица се водат за исчезнати, наведе „Гардијан“.

Ризиците од поплави остануваат критични за реките Одра, Опава, Брана и Новохрадка, особено во подрачјата Јесеники и Пардубице, објави Радио Прага интернационал.

Иако нивото на водата опаѓа во горниот тек на реките, бранот поплави продолжува низводно, загрозувајќи ги пониските области како Ухретице и Хрустовице.

„Во тек е евакуација во Опава, Крнов, Острава, Јесеник, Фридлант и други места. Евакуирани се повеќе од 12.000 луѓе. Во Фридлант е прогласена вонредна состојба“, објави премиерот Петр Фиала на социјалната мрежа Х.

Тој информираше дека од почетокот на поплавите, пожарникарите интервенирале во 7.884 ситуации.

„Опасноста од контаминација на водата и храната при поплави е голема“, предупреди тој и ги повика граѓаните „да ја почитуваат хигиената, да пијат само флаширана вода и да не користат потопена храна“.

Делови од источна и централна Европа се борат со силните поплави кои предизвикаа повеќе смртни случаи и се причина за евакуација на десетици илјади лица, објавија медиумите вчера.

Екстремните врнежи од дожд поради бурата „Борис“ последните денови ги зафатија Романија, Чешка, Полска, Словачка, Унгарија, јужна Германија и делови од Австрија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

АХВ изрече мерка на времено затворање на кујната во касарната Гоце Делчев

Следно

Министерството за здравство донесе одлука која компанија ќе ја мести компресорската станица

Latest from Blog

Како да цепи дрва- девојка со секира го нападнала своето момче на спиење, при апсењето се смеела

Жена од Северна Дакота е обвинета дека се обидела да го убие своето момче додека спиел, користејќи секира, а еден сведок рекол дека звучело како да „сече дрва“ додека го „удирала“ по

Светскиот шампион со Франција на 31 година замина во пензија

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Самуел Умтити објави дека ја завршува својата играчка кариера, објави францускиот весник „Л’Екип“. Умтити (31) објави на социјалните мрежи дека одлучил да ја заврши својата играчка кариера, откако

Американската војска нападна брод од Венецуела: Трамп итно се огласи – има мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американската војска извршила повторен напад врз брод за кој постоеле сомнежи дека превезувал дрога од Венецуела, при што загинале три лица. Трамп ја сподели информацијата преку

Над 30% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро се справува со локалните проблеми

Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на МРТ подготви анкета за локалните избори за актуелните општествени случувања и за рејтингот на политичарите и партиите. Од резултатите презентирани вечерва во емисијата „Објектив“,
Go toTop