Во Судан почна нов тридневен прекин на огнот пред донаторската конференција

June 18, 2023
1 min read

Завојуваните страни се согласиле дека за време на прекинот на огнот ќе се воздржат напади, употреба на воени авиони или беспилотни летала, артилериски напади, засилување на позициите и надополнување на силите и дека ќе се воздржат од обиди да постигнат воени придобивки

Завојуваните страни во Судан денеска се согласија на 72-часовен прекин на огнот и тоа еден ден пред меѓународната донаторска конференција за намалување на страдањата на цивилите и суданските бегалци во соседните земји.

Прекинот на огнот меѓу суданската армија и ривалските Сили за брза поддршка (RSF), со посредство на САД и Саудиска Арабија, започна во 6 часот наутро и се очекува да траат до среда.

Завојуваните страни се согласиле дека за време на прекинот на огнот ќе се воздржат напади, употреба на воени авиони или беспилотни летала, артилериски напади, засилување на позициите и надополнување на силите и дека ќе се воздржат од обиди да постигнат воени придобивки.

Тие се договорија и да дозволат непречено движење и испорака на хуманитарна помош низ целата земја.

Војната избувна во Судан во средината на април по долготрајната борба за власт меѓу де факто претседателот Абдел Фатах ал-Бурхан и потпретседателот Мохамед Хамдан Дагл.

Оттогаш, имаше бројни прекини на огнот, но тие постојано беа прекршувани.

Двајцата генерали првично ја презедоа власта заедно во 2021 година.

Според ОН, повеќе од 2,2 милиони луѓе се раселени поради борбите.

Агенциите на Обединетите нации во петокот објавија дека на речиси 25 милиони луѓе им е потребна хуманитарна помош во земјата, а четири милиони деца и бремени жени и доилки се акутно неухранети.

Во понеделник, Обединетите нации ќе ја свикаат ветената конференција со владите на Египет, Катар и Германија за поддршка на хуманитарниот одговор во Судан и бегалците кои бегаат во соседните земји.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАТО многу сериозно ги сфаќа настаните во северниот дел на Косово

Следно

Состојбата со водостоите на реките се смирува откако престанаа врнежите

Latest from Blog

Николоски на средба со европратеници: Европската интеграција останува стратешки приоритет

Европската интеграција на Македонија, реформскиот процес и чекорите што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија биле во фокусот на денешната работна средба на вицепремиерот и министер за транспорт и

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна
Go toTop