Во струшкиот суд по трет пат почна судскиот процес со родилката Веапоска

December 22, 2023
2 mins read

реклама


Со исказ на оштетената, Јилдз Веапоска, на која по породување со царски рез ѝ беа отстранети три органи, денеска во Основниот суд во Струга по трет пат почна судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син, доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.

Судењето почнува од почеток поради промена на судечкиот судија и јавниот обвинител, поради пензионирање на претходните кои го водеа процесот.

реклама

Тројцата лекари и во новиот исказ, пред судот се изјаснија дека не се чуствуваат виновни за кривичното дело што им се става на товар.

На барање на обвинителката Ермира Муса-Нура, Веапоска даде исказ во кој повтори дека имала уредна втора бременост, која ја следел првоосомничениот доктор Мухамед Асани. Тој, како што кажа, одлучил дека треба да се породи со царски рез, а во болницата ја примил второосомничениот, неговиот син Блертон Асани.

реклама

По извршениот царски рез, на 28 август 2020 година, оштетената посочи дека се разбудила со огромни болки во пределот на стомакот за што добила терапија. Иако, како што тврди, пет дена во болницата лежела со болки и голем оток во стомакот не ѝ биле направени никакви испитувања, сѐ до петтиот ден кога паднала во шок состојба и ѝ била направена операција во која ѝ биле отстранети матката, јајник и бубрег, а потоа била пренесена на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Скопје со обилно крварење. Таму, според Веапоска, ѝ била направена нова операција за да се спречи крварењето.

Бранителот на прво и второобвинетиот, Игор Петковски, во вкрстено испрашување, меѓу другото, ја праша Веапоска, дали имала претходно здравствени проблеми со отстранетите органи и со висок притисок, на што таа одговори негативно.

реклама

Адвокатот на оштетената, Сашо Јанев, изрази доверба во судијата и јавниот обвинител и рече дека очекува брза разрешница на случајот. Според него, главното прашање е кој, како и зошто ги извадил органите, а не дали и колку била во кома неговата клиентка.

  • Што е важно дали била или не била во кома, важно имала органи во себе, а после царскиот рез немала органи во себе. Никаде не постои ниту медицинска историја за било каков проблем патолошки или физиопатолошки наод, ниту индикација дека требало да се лекуваат или да бидат отстранети. Тоа е суштината на процесот, а не дали била во кома или не, изјави Јанев по судењето.

Враќањето на постапката по трет пат и давањето исказ Веапоска вели дека ја враќа на случувањата од пред три години и оти тоа е многу тешко за неа.

  • По трет пат давање исказ и враќање на тоа што ми се случи се повеќе и повеќе ми го скратува животот и сѐ повеќе сум изнемоштена. Наместо да дојде правдата и докторите да си ја добијат казната што ја заслужуваат, доведена сум повторно да го кажувам она низ што поминав, изјави Веапоска.

Очекува процесот да заврши што побргу и доколку обвинетите лекари не ја добијат казната тука, повтори дека правдата ќе ја бара во Стразбур.

Следното судско рочиште е закажано за 26 февруари, кога на предлог на одбраната треба да присуствува техничкиот советник, доктор Драге Дабевски од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чешката полиција потврди дека напаѓачот се самоубил на покривот на универзитетот

Следно

Шефовите на дипломатии на Туркије и Јордан разговараа за Газа

Latest from Blog

Општина Битола со поддршка од Владата ги подобрува локалните патишта

Општина Битола во тековната година освен своите програми, ќе реализира и проекти одобрени од вториот повик на Владата за изградба и реконструкции на патишта во населените места во општината. Изградба на коловоз

Општина Битола со апел до сопствениците на напуштени и небезбедни објекти

Општина Битола испрати писмено известување до 24 сопственици на куќи кои претставуваат потенцијална опасност од рушење или паѓање на делови од куќа врз коловоз или тротоар во градот. Од Општина Битола очекуваат

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

фото: Manchester Utd (X) Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи
Go toTop