Во Србија во 2024 година, 37.000 жители помалку од претходната, природниот прираст останал негативен

October 20, 2025
1 min read

Во 2024 година, Србија имала 6,59 милиони жители, што е за околу 37.000 помалку од претходната година, додека просечната возраст на населението достигнала 44 години, а очекуваниот животен век бил 78,4 години за жените и 73,7 години за мажите, наведено е во „Статистичкиот годишник“ на Републичкиот завод за статистика објавен денеска.

Природниот прираст останал негативен и изнесувал – 37.385. Во Србија се родени 57.734 деца, а починале 95.119 лица, додека просечната возраст на мајката при раѓањето на првото дете била 29,9 години.

Во 2024 година, во Србија се склучени 31.067 бракови, а 10.611 се разведени.

Според проценките, во Србија има 2,47 милиони домаќинства со просечно 2,66 членови, додека 57,2 проценти од населението живее во урбани средини.

Бруто домашниот производ во 2023 година изнесувал 75,8 милијарди евра, што е номинално повисоко за 18,2 проценти, а реално за 3,8 проценти во споредба со претходната година. Просечната нето плата во 2024 година изнесувала 98.143 динари, додека стапката на вработеност беше 51,4 проценти, а стапката на невработеност беше 8,6 проценти. Во областа на економијата, индустриското производство се зголеми за 2,4 проценти, додека земјоделското производство се намали за 1,6 проценти. Вредноста на извозот на стоки изнесуваше 35,7 милијарди евра, а вредноста на увозот 47,6 милијарди евра, што резултираше со дефицит од 11,9 милијарди евра.

Во образовниот систем, 57.756 ученици завршиле средно образование, а 38.963 ученици завршиле вишо образование. Во основните училишта имало 512.000 ученици, што е намалување во споредба со 2023 година. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аморим: Ова е најважната победа за Јунајтед откако сум тука

Следно

Ивор Мицковски: Со киднапираната СДСМ и неспособната за доминација Левица – ние немаме опозиција

Latest from Blog

Меџити ја пречека в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс

Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир, оствари средба со Никол Варнс, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје. На средбата беа разгледани актуелните случувања во земјата, зајакнувањето на институциите и

Њујорк Тајмс: ТРАМП ГО ПОТЦЕНИ ИРАН, СЕГА ВЛАДАТА НЕ ГО ЗНАЕ ИЗЛЕЗОТ ОД ВОЈНАТА

Трамп ги потцени Иранците. Вашингтон не очекуваше дека нападот врз Иран ќе доведе до сериозно зголемување на цените на нафтата и гасот на светските пазари, пишува „Њујорк тајмс“ (NYT), повикувајќи се на

Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

По потпишувањето на Анексот број 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид од страна на заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски и од вицепремиерот и

Катни гаражи, кружен тек… градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник,
Go toTop