Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада

March 31, 2025
2 mins read

Во Србија денеска треба да почнат консултации за формирање нова влада при што покана е испратена до сите парламентарни партии, јави дописникот на МИА од Белград. 
Најавата за денешен почеток на такви разговори ја даде српскиот претседател Александар Вучиќ во четвртокот – дека „од понеделник почнуваат консултации за кандидати за новата влада“. До пладнево, нема изјава ниту потег што ќе означи почеток на таков процес. 
„В понеделник почнувам со консултации за составот на новата влада, ќе видиме што ќе кажат оние кои имаат мнозинство – дали сакаат да формираат влада или сакаат да одат на избори“, рече Вучиќ.

Опозицијата во Парламентот нагласува дека единствената опција што ќе ја прифатат е преодна влада со доверба на народот, додека најавените консултации ги оценуваат како исмејување на демократските процедури, објавија српски медиуми.

Засега само Социјалистичката партија на Србија јавно потврди дека коалицијата собрана околу таа партија ќе оди на консултации со Вучиќ. Портпаролот на СПС, Угљеша Марковиќ, рече дека претседателството на СПС едногласно донело одлука за продолжување на соработката со СНС и со Вучиќ.

Парламентарната опозиција пред речиси две недели изнесе предлог за „влада од доверба на народот“, и според нив – поканата за консултации не стигнала до одделни партии, туку само до лидерите на листите од декемвриските избори.

Претседателот на партијата Србија Центар (Срце) и пратеник Здравко Понош за Данас посочува дека намерата на Вучиќ да ја смени владата на Вучевиќ со нешто слично ја покажува неговата неодговорност и неподготвеност да овозможи земјата да излезе од длабока криза.

„Ребрендирањето во форма на нова влада на СНС/СПС или ново движење кое е ново пакување за старата коалиција е осудено на неуспех“, тврди соговорникот на Данас, додавајќи дека се што ќе објави и прави Вучиќ ја покажува неговата намера да оди кон радикализација и предизвикување конфликт.

Потпретседателот на Нова демократска партија на Србија, Дејан Шулкиќ, тврди дека делегација на српската коалиција НАДА нема да одговори на поканата за консултации. Слично мислење има и пратеникот и претседател на Движењето на слободни граѓани, Павле Грбовиќ, кој вели дека за неговата партија е неприфатлива покана во која нема дискусија за преодна влада.

Српското Собрание на 19 март ја констатираше оставката на премиерот Милош Вучевиќ поднесена на 28 јануари по напад врз студенти во блокада во Нови Сад. Со констатирање на оставка на премиерот, владата во Србија е во технички мандат, по што од тој датум почна и рокот од 30 дена за избор на нова влада.
Вучевиќ во денот на констатирање на неговата оставка од Парламентот, изјави дека е за опција за нова влада, а не за избори.
Toj во изјава за белградски медиуми тогаш рече дека „нема да има преодна, лажна влада“.

„Нема да има преодна влада…Како претседател на Српската напредна странка, велам дека нашите пратеници нема да гласаат за преодна влада“, изјави Вучевиќ.

Оставката на Вучевиќ беше поднесена три месеци по пад на бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад, негов роден град и каде беше претходно градоначалник, и во која имаше 16 жртви. Трагедијата  е причина за масовни протести низ цела Србија што се уште траат. 
По него оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Во министерството на Стефан Андоновски тендер добиле и родители на негов вработен

Следно

Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија и еден од Италија

Latest from Blog

Астон Вила „крена раце“ од Мартинез, ќе го купува Сузуки

фото: Le 12e Analyste @ResiliencePSG (X) Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Локалитетот Куклица се уште е под узурпација: Една жена не ги пушта туристите, се вративме сите и странци и наши

Иако помина еден месец откако јавноста беше информирана дека татко и ќерка од Кратово го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, проблемот се уште не е надминат, бидејќи

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува
Go toTop