Во Србија одземени 24 возила според новиот закон на тешки прекршоци во сообраќајот

March 7, 2024
1 min read

Во Србија од почетокот на примената на мерката одземање возило, на 22 февруари годинава, од сторители на тешки прекршоци во сообраќајот одземени се 24 возила.

-Во најголем број од случаите, основи за одземање на возилото се прекршоци при управување со возило без возачка дозвола кое е одземено поради несовесно возење (казнени поени), како и возење во време на траење на заштитната мерка забрана за управување со моторно возило, изјави за Нова, началникот на Управата на сообраќајната полиција, полицискиот полковник Славиша Лакиќевиќ.

Како што посочија од МВР дури осум прекршители се на возраст под 25 години, меѓу кои и еден малолетник, меѓу кои е и примерот кога полицијата во Зрењанин согласно новата мерка од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата му го одзеде автомобилот Волво на возачот (24) кој го управувал возилото за време на исклучување од сообраќајот и без возачка дозвола и против него била поднесена соодветна прекршочна пријава.

Првиот автомобил што го заплени полицијата, според новата мерка на законот, бил „фолксваген“ управуван од постар маж од Лесковац, кој направил тежок прекршок со тоа што одбил да направи алкотест. Во претходните две години тој бил осуден за одбивање да направи алкотест и за насилно возење, бидејќи управувал возило со повеќе од 2 промили алкохол во крвта.

Ова се 18-те прекршоци поради кои во Србија може привремено да биде одземено возило:

1. Возење под дејство на алкохол со повеќе од 1,2 промили;

2. Одбивање на алкотестирање или опијати;

3. Надминување на брзината за повеќе од 100 km/h во населено место;

4. Надминување на брзината за 90 km/h во населено место

5. Надминување на брзината за повеќе од 60 km/h во зоната на училиште или зона „30“;

6. Надминување на брзината за повеќе од 50 km/h во зоната со успорен сообраќај;

7. Превоз на дете до 12 години на совозачко седиште;

8. Превоз на дете до 12 години на место кое не е наменето за седење (багажник, табла со инструменти, задна полица, надворешни делови на возилото и сл.);

9. Поминување на најмалку две црвени светла на семафор за помалку од 10 минути;

10. Престигнување колона возила преку полна линија;

11. Возење без полагање на која било категорија на возење;

12. Возење за време на забрана за возење;

13. Возење по одземање на возачка дозвола поради акумулирани казнени бодови;

14. Возење при привремено исклучување од сообраќај;

15. Ноќно возење по неосветлен пат без ниту едно уклучено светла на возилото;

16. Престигнување на возило што застанува или е застанато за да препушти пешаци на пешачки премин;

17. Престигнување на колона возила под придружба;

18. Не пропуштање возилата со придружба. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Шведска официјално ќе стане 32-та членка на НАТО

Следно

Ѓоргиев: Македонско-бугарската комисија одржува редовни состаноци, засега нема напредок

Latest from Blog

Меџити: Победата е доверба – Чаир заслужува чесна и посветена администрација

Изет Меџити денеска и официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Чаир. Во своето обраќање, тој истакна дека враќањето на оваа позиција за него претставува чест, одговорност и продолжение на една длабока

Ретка појава утре: Најголемата супермесечина годинава

Најголемата супермесечина за годинава ќе биде забележлива на небото утре. Имено, нејзината близина до Земјата ќе ја направи полната Месечината да изгледа поголема и посветла од вообичаеното. Во нашето поднебје оваа појава

Коњановски: Слободата на Битола е завет што мора да го пренесеме на идните генерации

Битола денес го одбележува 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот и 81 година од неговата слобода. По тој повод, во градот се одржуваат свечени активности со кои граѓаните, институциите и

Регионален дијалог за образовни политики: Темелни реформи за поквалитетно образование

Државите од Западен Балкан полесно можат да напредуваат кога заедно и гласно размислуваат за тоа што му е потребно на образованието во секоја од земјите. Ние сме слични народи, со блиски обичаи,

СПОРТ СЕКАДЕ ЗА СИТЕ! Нов спортски центар во ООУ „Тихомир Милошевски“ во Ѓорче Петров

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска го пушти во употреба комплетно реконструираниот повеќенаменски спортски центар во склоп на ООУ „Тихомир Милошевски“. Овој проект
Go toTop