Во Србија минатата година имало најмал број живородени деца од 1900 година

January 26, 2024
1 min read

Српскиот демограф Горан Пенев денеска изјави дека не може да има зголемување на фертилитетот (бројот на родени) доколку младите и брачните парови немаат сигурна работа и ако живеат во земја во која за основните човекови права мора да се борат на улица.

Коментирајќи го фактот дека минатата година во Србија (без Косово и Метохија) се родени само 60.813 бебиња, Пенев за агенцијата Бета изјави дека ова е најмал број живородени деца од 1900 година.

„Во последните 10-15 години бројот на живородени деца постојано се намалува. Минатата година се родиле помалку бебиња од кога било од 1900 година. Родени се помалку отколку и за време на Првата и Втората балканска војна, Првата и Втората светска војна, или во периодот на пандемијата со Ковид 19“, рече Пенев.

Според него, намалувањето на бројот на живородени деца е вообичаен тренд поради ниските репродуктивни стапки и зголемувањето на возраста на населението во репродуктивна возраст.

„Покрај ниските репродуктивни стандарди, на падот на бројот на живородени деца влијае и миграцијата, односно заминувањето на младите од Србија. Проблемот со падот на плодноста е долгорочна тенденција и не може да се поправи така што државата ќе издвојува некој денар за раѓање на прво, второ, трето или четврто дете“, вели демографот.

Доколку раѓањето на деца се зголеми со финансиски средства, додаде тој, тогаш високоразвиените земји немаше да го имаат овој проблем.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Максимум штедење за минимум живеачка

Следно

(ВИДЕО) Француските земјоделци ги блокираат патиштата околу Париз

Latest from Blog

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа

Шефицата на британската дипломатија повика да прекинат „ужасните искушенија“ на Џими Лаи

Лаи, 78-годишен британски државјанин, денеска е осуден на 20 години затвор, според законот за безбедност што го воведе Кина во оваа поранешна британска колонија. Во изјава на X од Министерството за надворешни
Go toTop