Во Србија дневно влегуваат по 150 мигранти: „Немаме капацитети тоа да го запреме“

February 21, 2024
1 min read

Извршниот директор на српскиот Центар за заштита и помош на баратели на азил, Радош Ѓуровиќ, денеска изјави дека според проценките на организацијата во Србија дневно влегуваат околу 50 мигранти од правец на Северна Македонија и околу 100 од Бугарија.

Ѓуровиќ за РТС изјави дека Србија нема капацитет да го спречи тој број луѓе и дека несреќата што се случи во Прешево покажа дека постои синџир на криумчарење мигранти и дека во него се вклучени луѓе од Србија и регионот.

„Никој ништо не ги прашува мигрантите. Тие се согласуваат на се и шверцерите го користат тоа. Овие луѓе ризикуваат од оправдани причини. Најчесто доаѓаат од Сирија и Авганистан, а условите за живот таму се многу тешки“, рече Ѓуровиќ.

Тројца мигранти загинаа во понеделник вечерта во сообраќајна несреќа кај Прешево, а меѓу 12-те повредени е и возачот, кој е уапсен под сомнение дека шверцувал луѓе, јавија белградските медиуми.

– Оваа несреќа е илустративна. Сè укажува на тоа дека луѓето се превезувале од правец на Македонија, под превезот на ноќта, брзо. Луѓето кои возат често се во паника да не бидат фатени, па грешат. небезбедното возење многумина ги чини  живот, посочува Ѓуровиќ.

За шверцерите, додава тој, бегалците и мигрантите се всушност стока.

– Тие се обидуваат да пренесат што е можно повеќе од нив во еден обид. И ова е честа појава. Причината за ваквите несреќи, меѓу другото, е и тоа што честопати многу луѓе се во мал простор. Возилата често се приспособуваат за тоа цел, луѓето се стискаат внатре, објаснува Ѓуровиќ.

Настанот како несреќата во Врање е конкретна последица, посочува, на политиката на огради и туркање луѓе.

– Ако ги истуркате Сиријците и Авганистанците од Унгарија во Србија или од Србија во Северна Македонија, не сте го решиле статусот на тие луѓе. Тие се заглавени, не се вратиле некаде каде што можат да продолжат со нормален живот. Тие се на само неколку стотини метри од огради, од граница.Тие луѓе немаат друга алтернатива освен да дадат се, да си ги ризикуваат животите, да бидат експлоатирани, додава Ѓуровиќ за РТС.

Кога станува збор за можното решение, Ѓуровиќ вели дека на Балканот би било полесно да се дише доколку Турција ги прифаќа мигрантите како порано што беше случај, со поддршка на ЕУ.

Според него, Србија е во тешка позиција, на работ на ЕУ.

– ЕУ има пакт за азил и миграција, кој е речиси усвоен, кој ќе бара и предвидува брзи процедури на надворешните граници, вклучително и нашите граници, а од друга страна, Србија не може да ја спречи миграцијата што доаѓа од Турција преку Грција. Бугарија и Северна Македонија, нема капацитет. Во оваа смисла, имаме стеснет простор за маневрирање и ситуацијата е сè понеизвесна, можам да кажам, и дека луѓето ќе остануваат тука, се плашам дека тоа е повеќе од јасно, заклучува Ѓуровиќ. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Нормализирано влегувањето преку Евзони, тргната блокадата на грчките земјоделци

Следно

Извештај: Во Германија минатата година двојно зголемени нападите врз бегалците

Latest from Blog

Фото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година

По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала

ХАОС ПРЕД СРПСКОТО СОБРАНИЕ: Полицијата спречи упад, силни топовски удари, БЛОКАДЕРИТЕ ЗАПАЛИЈА ШАТОР (ФОТО+ ВИДЕО)

Во центарот на Белград, пред Народното собрание, се собрале неколку блокадери, обидувајќи се да предизвикаат хаос, јавуваат медиумите. Според извештаите, блокадерите почнале да фрлаат камења и шишиња кон „Чациленд“. МУП издаде итно

Антони ја “скрши“ Мајорка!

ФОТО: Real Betis Balompié/FB Бетис – Мајорка 3:0. Ова е исходот од вечерашниот меч во Ла Лига во Севиља. И веднаш, уште една одлична партија на Бразилецот Антони кој со два гола

Мицкоски со силна порака за Кичево и кичевчани: Победи соживотот и вербата во вредности

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва испрати силна порака за победата во Кичево. -Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека

Орце Ѓорѓиевски: Благодарен сум на скопјани за довербата – нема да ја изневерам

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со реализација на плановите за подобрување на состојбите во главниот град. „Веднаш
Go toTop