Во Србија ден на жалост по повод случувањата во Косово

September 27, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Со одлука на Владата на Србија денес во земјата е ден на жалост поради трагичните настани во Косово, а по тој повод знамињата на зградите на институциите се спуштени на половина копје, јавува Анадолу.

Од Владата на Србија вчера ги замолија сите медиуми и организатори на јавни манифестации да ја приспособат денешната програма на денот на жалоста и на тој начин да им оддадат почит на настраданите во Косово.

На улиците низ Белград може да се забележи дека знамињата на зградите на српските институции се спуштени на половина копје. Исто така, на киосците забележливо е дека насловните страници на дневниот печат им дадоа простор токму на немирите во Косово.

По повод убиството на полицаецот Африм Буњаку кај Бањска, на северот на Косово, понеделник беше ден на жалост во Косово.

Околу три часот по полноќ на 24 септември во Бањска, Звечан, Африм Буњаку беше убиен во напад врз косовските полициски единици, а полицаецот Албан Рашити беше ранет. Во акцијата на косовската полиција убиени се четворица напаѓачи, а шестмина се лишени од слобода.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вработените во јавните обвинителства во земјава од денеска стапуваат во штрајк

Следно

Русијa: Штабот на Црноморската флота во Севастопол погоден со проектили што Украина ги доби од Британија

Latest from Blog

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот
Go toTop