Во сообраќајна несреќа во Мексико загинаа 17 мигранти

February 21, 2023
1 min read

МЕКСИКО СИТИ (АА) – Најмалку 17 мигранти загинаа откако автобус со кој патуваа излета од патот во централната мексиканска држава Пуебла, соопштија официјални лица, пренесува Анадолу.

„Сите загинати се мигранти, меѓу кои има лица од Венецуела, Колумбија и од Централна Америка“, соопшти Хулио Уерта, државниот секретар за внатрешни работи на Пуебле.

Уерта изјави дека несреќата се случила во неделата. Мигрантите патувале без соодветни документи и сите биле полнолетни, информираше Уерта.

Петнаесет од 45 патници ги загубија животите на местото на несреќата, а уште две лица починале во болница. Петмина повредени се хоспитализирани и се наоѓаат во критична состојба, а осуммина се со повреди кои не се опасни по живот.

Мигрантите често користат различни рути низ Мексико на својот пат кон САД. Тие често се транспортираат во пренатрупани возила или илегални превозни средства, така да несреќите не се невообичаени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Огномет пред хотелот во 2 наутро за „кралевите“ да не склопат око пред дуелот со Ливерпул (ВИДЕО)

Следно

Дојави за бомби и во 11 скопски училишта

Latest from Blog

Дебакл на италијанските екипи во ЛШ, Норвежаните покажаа дека може да парираат и на најдобрите

По комплетирањето на второто коло од Лига на шампиони, вкупно девет екипи имаат максимални шест бодови, а осум екипи немаат освоено ниту еден бод. Од 18-те натпревари кои се одиграа синоќа и

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop