Во Собранието состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија

February 27, 2025
1 min read

Во Собранието на Северна Македонија денеска и утре ќе се одржи 23. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија. 

Според агендата објавена од собраниската прес-служба, сесијата во 15.30 часот сесијата ќе ја отворат Иванка Василевска и Карло Реслер, копретседавачи на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, по што ќе следува размена на мислења со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и Орхан Муртезани, министер за европски прашања, како претставници на Владата.

На сесијата е најавено да говорат и полскиот амбасасор Мариуш Бримора како претставник на полското претседателство со Советот на ЕУ и евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас, како претставник на Европската комисија и на Европската служба за надворешна акција.

Претставниците на ЕП претходно ќе остварат одделни средби со координаторите на пратеничките групи – со Дафина Стојаноска, заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со Оливер Спасовски, координатор на пратеничка група на СДСМ и Коалиција „за Европска Македонија“, со Блерим Беџети, координатор на пратеничката група на ДУИ и Коалиција „Европски фронт“, со Халил Снопче, координатор на пратеничката група на Вреди, со Бобан Карапејовски, координатор на пратеничката група на Движење ЗНАМ и со Борислав Крмов, координатор на пратеничката група на Левица.

За утре во 9 часот е закажана втораа работна сесија на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, а претходно ќе биде остварена средба со претседателот на Собранието Африм Гаши. 

Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија-Европската Унија, е формиран врз основа на Резолуцијата на Европскиот парламент од 10 март 2004 година и претставува важна можност за продлабочување на дијалогот и зацврстување на заедничката заложба за европската иднина на земјата. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Замрзна потокот Чубуклу во Ван

Следно

Фридрих Мерц на средба со Макрон во Париз

Latest from Blog

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните
Go toTop