Во Собранието дебата за предложените измени на Законот за урбанистичко планирање

May 18, 2023
2 mins read

Во Собранието денеска почна расправата по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка, кој е дел од пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10.

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ забележаа дека за вакви закони надлежна е Комисијата за транспорт и врски, а не Комисијата за европски прашања. И за измените на овој предлог-закон посочија дека Владата го злоупотребува користењето на европското знаменце. Опозициските пратеници прашаа како може да се кажува дека овој коридор ќе чини околу една милијарда и триста милиони евра без направена студија, направен идеен и основен проект, ревидиран проект, главен проект, проект на изведена состојба и посочија дека без проект, не може да се удри лопата. Тие потенцираа дека и овој предлог-закон е доставен до пратениците со празна кореспондентна табела затоа што, како што посочија, Владата нема што да напише ништо линк европско помеѓу овој закон и законите во Европа.

Пратениците од СДСМ се надоврзаа на интервјуто на американската амбасадорка Анџела Агелер за МИА во која вели дека „Бехтел и Енка“ е компанија која работи транспарентно и законски, а опозицијата критикува заради политички поени. Посочија дека по изјавата на амбасадорката, веќе нема ништо сомнително околу изградбата на коридорите. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реплицираа дека амбасадорката кажала дека компанијата „Бехтел и Енка“ работи добро, а не Владата.

Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ истакна дека целта на оваа измена и дополнување на законот е да се овозможи забрзана реализација на градби од стратешки карактер како што се изградба на државни патишта, железници, пруги, магистрално гасоводи.

-Знам дека сакате да вулгаризирате и да кажувате дека станува збор за коруптивна зделка, меѓутоа после она што во интервјуто за МИА го даде американската амбасадорка Анџела Агелер верував дека вие ќе се откажете од вашите дискусии. А таа вели вака „Уверена е дека процесот во кој е инволвиран Бехтел и Енка е целосно транспарентен и законски, бидејќи тоа е начинот на кој функционира оваа компанија, во спротивно не би имала проекти насекаде во светот и некои региони од Западен Балкан“ и ви вели „Сметам дека е мошне разочарувачки тоа што во опозицијата критизираат без сите факти или критизираат нешто за што немаат информација. тоа го прават едноставно само за да бидат против Владата и да собираат ситни поени“, рече Лазаревска.

-Околу изјавата на почитуваната амбасадорка – сите сме за транспарентност, затоа да се издејствува да го видиме Договорот и да падне целата прашина. И да ве потсетам амбасадорката кажа борба против корупцијата, борбата против високиот криминал во државата. Тоа го кажа амбасадорката, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов.

Љупчо Балковски од ВМРО-Народна партија истакна дека со урбанистички проект се постигнува започнување на побрзо градење, меѓутоа, како што рече, после ќе ги имаме проблемите во делот на застојот на градењето, во делот на решавањето на работите на лице место, односно во градежништвото се викаат непредвидени работи и тогаш настануваат најголемите проблеми кои што ќе ги има Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта.

-Тие ќе мораат да се решат на лице место. Ќе стои механизацијата, а автоматски поскапува и градбата, рече Балковски.

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски ја прекина седницата и соопшти дека со работа ќе продолжуваат во 15:30 часот .

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Припадниците на грчкото малцинство бараат ослободување на градоначалникот на Химара, Белери

Следно

Обвинителството поднесе обвинение за узурпација на дворот на поликлиниката „Бит Пазар“

Latest from Blog

Халанд по историскиот момент: Мојата работа е да постигнувам голови

Фото: Манчестер Сити Х Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, верува дека неговиот тим не се покажа најдобро во победата од 5-4 на гости против Фулам. „Граѓаните“ остварија драматична победа, а Норвежанецот

Трамп ја суспендира имиграцијата од 19 неевропски земји

Американскиот претседател Доналд Трамп даде серија исклучително остри коментари за Сомалија и сомалиските мигранти, бидејќи неговата администрација објави дека ги паузира сите апликации за имиграција од 19 неевропски земји, повикувајќи се на

11 знаци дека сте ја пронашле личноста која ќе ве сака до крајот на животот

Понекогаш луѓе доаѓаат во нашите животи и веднаш се заљубуваме, без разлика дали станува збор за нов пријател или потенцијален партнер, бидејќи нè освојуваат со својата енергија и внимание. Но, понекогаш чувството

Поради здравствени причини: Откажано обраќањето на премиерот Мицкоски на македонско-српскиот форум

Над 200 компании и најмалку 300 учесници ќе бидат дел од денешниот македонско-српски бизнис форум што ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје со цел интензивирање на економската соработка. Владината

„Вака изгледаат 60 години“: Една од најплатените манекенки во ’80-те позираше во долна облека

„Нашите несовршености нè прават совршени“ Во описот на објавата, 60-годишната Чехинка призна дека, како и многумина, е „зависна“ од гледањето видеа во кои луѓето се дотеруваат, додавајќи дека тоа ја прави да
Go toTop