Во Словенија одржан протест поради влошената хуманитарна состојба во Газа

August 6, 2025
1 min read

Во главниот град на Словенија, Љубљана, се одржа протест со цел да се привлече вниманието кон влошената хуманитарна состојба во Газа, каде што Израел ги интензивира своите напади, јавува Анадолу.

Демонстрантите се собраа на Плоштадот на Републиката во главниот град, држејќи транспаренти на кои пишуваше „Газа е гладна, што прави Владата?“ и „Словенија, дејствувај за да го запреш геноцидот во Газа“.

Организаторите на протестот изјавија дека илјадници луѓе во опустошената енклава секојдневно се соочуваат со глад, жед и смрт без меѓународна интервенција и ја пренесоа пораката дека и Словенија има одговорност за запирање на геноцидот во Газа.

Организаторите изјавија дека Палестинката Сара Хамед Елкарнави, која утре требаше да присуствува на фестивал во словенечкиот град Снежник преку видеоконференција, е убиена од израелски војници на 2 август. „Имаше само 10 години. Таа беше убиена заедно со нејзините родители, браќа и сестри“, рекоа тие.

На 4 август во Словенија се одржа собир во знак на протест поради нејциното убиство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Млади турски научници спроведоа низа истражувања на Арктикот

Следно

Шест тенисери ќе се борат на турнирот во Ријад!

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop