Во Скопје се одржа Марш за мир во Газа

November 17, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје се одржа Марш за мир во Газа, на кој учествуваа стотици граѓани од различна етничка припадност во земјата, јавува Анадолу.

Во рамки на маршот организиран од страна на Платформата за поддршка на Палестина, која се состои од неколку невладини организации од земјата, граѓаните маршираа од паркот во Општина Чаир, до Мурат Пашината џамија во Старата скопска чаршија.

И покрај интензивните врнежи од дожд, на маршот присуствуваа стотици граѓани кои извикуваа пропалестински и антиизраелски пароли.

Демонстрантите носеа знамиња на Палестина, како и транспаренти со натпис „Израел терорист, слобода Палестина“, „Примирје сега“, „Нетанјаху е воен злосторник“, „Слобода Газа, слобода Палестина“, „Престанете да го правите она што ви го правеше Хитлер“.

Пред Мурат-пашината џамија беше прочитана и декларација на турски, албански, босански и македонски јазик, а беше упатена и молитва.

Во декларацијата се вели дека војната во Газа не почна на 7-ми октомври и дека над 11.500 убиени цивили и над 1 милион раселени лица, не се првите и единствените цивилни жртви во Палестина.

Се нагласува дека палестинското прашање датира од 1948 година, и за 75 години окупација, до сега убиени се над стотина илјади цивили во Газа и на Западниот Брег.

Во декларација се наведува дека од 7-ми октомври до денес, на секои 10 минути Израел убива по едно дете во Газа.

„Ова не се само бројки, туку засекогаш затворени мали очиња, прерано згаснати животи на идни студенти, инженери, доктори, новинари, научници, уметници, писатели… сè што можете да си замислите – тоа никогаш нема да бидат! Децата во Газа имаат право на живот! Децата во Газа имаат право на мирен сон! Бројката на жртви во Газа ја надмина онаа на геноцидот во Сребреница, кој беше осуден од целиот свет!“, се наведува во декларацијата.

Преку декларацијата се упатува и апел за итен прекин на сите воени дејства во Газа, на спасување на сите човечки животи и на почитување на меѓународното хуманитарно право.

Инаку, Платформата за поддршка на Палестина претходно во Скопје одржа и демонстрација за поддршка и солидарност со палестинскиот народ, под слоганот „Немој да молчиш за масакрот“. Оваа платформа претходно објави и декларација на која се реагираше против воздржаниот глас на Северна Македонија во Генералното собрание на Обединетите нации за резолуцијата за хуманитарно примирје во Газа, и се реагираше на едностраниот став на политичарите во земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бојчевски: Ако не ги исполнат барањата, на 2. декември одиме на протест пред Влада

Следно

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ на „ПНВ Публикации“ вечерва во Куманово

Latest from Blog

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop