Во Скопје отворен Петтиот саем за пчеларство

November 3, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – На плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје е отворен Петтиот македонски пчеларски саем, кој ќе трае до 5 ноември, јавува Анадолу.

Настанот се организира од страна на Пчеларската федерација на Македонија со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија, а домаќин на настанот е Град Скопје.

Претседателот на Пчеларската федерација на Македонија, Јане Марков, во изјавата за Анадолу истакна дека целта на оваа саемска манифестација е директен контакт меѓу пчеларите и потрошувачите, односно со корисниците на мед и производите од мед.

„Секој консумент да проба, да почувствува, да направи разлика меѓу вистинскиот мед и другите медови што некој сака да ги протурка на овие пазари“, рече тој, додавајќи дека разликата е што на саемот потрошувачите можат да дегустираат и да го видат вистинскиот мед.

Според него, медот во Северна Македонија не се користи само како храна туку и лек бидејќи го користат и млади и стари и болни, сите лица.

Марков нагласи дека освен медот, на саемот се изложуваат и други пчелни производи и додаде: „Секогаш како што имаме свој матичен доктор, обично да имаме свој пчелар. Бидејќи најубаво е кога се купуваат артикли од познат пчелар.“

На овој саем, кој ќе трае до недела, учествуваат дваесетина пчелари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска Кочоска: Владата нема ниту една капитална инвестиција, инвестиција се гледа со голо око, а ние не можеме да видиме ништо

Следно

Илјадници палестински работници депортирани од Израел пристигнаа во Газа

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop