Во Шведска одржана комеморација во чест на жртвите од трагичниот напад

February 5, 2025
1 min read

ОРЕБРО (АА) – Денеска во шведскиот град Оребро беше одржана комеморација во чест на жртвите од трагичниот напад, додека ожалостените се собраа во кампусот, палејќи свеќи и оставајќи цвеќиња, јавува Анадолу.

Бројот на загинати во пукањето во училиштето во централниот дел на Шведска се искачи на 11, при што се верува дека сторителот е меѓу загинатите, соопшти полицијата.

Властите треба допрва да го соопштат бројот на повредени, при што полицијата предупреди дека бројот на загинати би можел да се зголеми, соопшти СВТ.

„Засега немаме комплетна слика за бројот на повредените“, соопшти портпаролот на полицијата Фредрик Сведемир.

Тој додаде дека состојбата и понатаму е неизвесна за лицата кои добиваат лекарска помош.

„Бидејќи исто така немаме информации за состојбата со повредите на оние кои се лекуваат во болница, за жал, постои ризик бројката да не застане на единаесет“, рече Сведемир.

Пукањето се случи вчера (вторник) околу 12:33 часот по локално време во едукативен центар што го посетуваат лица кои немаат завршено основно или средно училиште.

Полицијата истакна дека властите веруваат дека сторителот е меѓу загинатите и дека не очекуваат дополнителни напади.

Од полицијата додаваат дека сторителот дејствувал сам, но мотивот за нападот сѐ уште не е јасен.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МЖСПП: Засилени активности од општините за почист воздух во последната недела од јануари

Следно

Олимписката шампионка Томас: Ме демнат неколку лица, се плашам и не знам каде да одам

Latest from Blog

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап

Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. -Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла
Go toTop