Во Штип на традиционален начин се одбележува празникот Младенци и обичајот Четр’се

March 22, 2024
1 min read

Младенци го означува почетокот на пролетта. Овој ден е еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија, кои маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера.

Денешниот празник Младенци во Штип се прославува на посебен начин. УНЕСКО од лани го заштити обичајот наречен Четрсе според бројот на каменчињата кои ги собираат младите штипјани качувајќи се на Исарот.Од утрово традицијата на љубовта со која младите треба да си го најдат избраникот на својот живот, го разбуди ридот над Штип.40 каменчиња фрлени од врвот на Исарот, 40 ракувања, 40 мекици, 40 чашки ракија за здравје.

– Да, да имаше рекорди, до 28 чашки, но не ги запишувавме. Се е тоа од наши секавања за пријатни поминати моменти на овој празничен ден со сите кои ми беа гости на мојата кукна слава, изјави Орце Иљов, еден од штипјаните чиј дом е на падините на Исарот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија за првпат призна: „Ние сме во војна“

Следно

За четири дена два случаја: Возач на ЈСП нападнат во село Бојане

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop