Во Северна Македонија се одржа програма по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик

December 20, 2023
2 mins read

СКОПЈЕ (АА) – На Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје се одржа програма по повод „21 Декември – Денот на наставата на турски јазик“ во Северна Македонија, кој го одбележуваат Турците во земјава, јавува Анадолу.

На настанот организиран под наслов „Турскиот јазик на децата“ по повод Денот на наставата на турски јазик и церемонијата на облекување наметки, во кампусот на ИБУ во Скопје присуствуваа 29. претседател на Големото Народно Собрание на Туркије, Мустафа Шентоп, амбасадорот на Туркије во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претставници на турските институции и организации во земјата, академици, студенти и голем број гости.

Во својот говор Шентоп истакна дека Северна Македонија е земјата од каде што потекнуваат неговите предци и додаде дека од тој аспект има посебна и лична врска со овие простори.

Потсетувајќи дека „21 Декември – Денот на наставата на турски јазик“ во Северна Македонија е усвоен во 2007 година, Шентоп рече:

„Дваесет и први декември 1944 година е датумот кога започна турската настава во Северна Македонија под раководство на јуџелистите во дворот на Султанмуратовата џамија. Тој датум се слави како национален празник. Од тој аспект, сметам дека Република Северна Македонија е земја пример и за Балканот и за Европа и за целиот свет бидејќи создаде средина во која заедно во мир живеат луѓе од различно етничко потекло, различни јазици и различни верувања. Многу е важно, многу е вредно да се зачувува оваа средина.“

Наведувајќи дека Туркије ја поддржува и стои на страната на Северна Македонија од денот на нејзиното формирање, Шентоп рече: „Туркије беше првата земја што го призна нејзиното уставно име во тоа време, Република Македонија, а подоцна и земја што сесрдно и силно го поддржуваше развојот на Република Северна Македонија преку нејзиното членство во меѓународните институции, особено во евроатлантските институции.“

Осврнувајќи се на руско-украинската војна, Шентоп истакна дека таа создава многу трошоци и за Европа и за околните земји, вклучително и Туркије.

Нагласувајќи дека целиот свет ги следи бруталните, геноцидни напади на Израел врз браќата во Палестина и Газа, кои започнаа на 7 октомври, Шентоп рече: „Тоа не е ново прашање. Израел војува во овој регион повеќе од 80 години. Тој се обидува да формира терористичка држава.“

Осврнувајќи се на ИБУ, Шентоп потсети дека универзитетот е основан пред 17 години под водство на претседателот Реџеп Таип Ердоган и рече:

„Постоењето на овој универзитет се појави како симбол на одличните односи меѓу двете земји. Во овој 17-годишен период овде се случија многу важни настани. Денес, Меѓународниот балкански универзитет е еден од најдобрите универзитети во Северна Македонија. Ова не е доволно, ние секогаш го велиме тоа, овој универзитет ќе биде најдобар универзитет не само во Северна Македонија туку и на Балканот, па дури и во Источна Европа, тоа е нашата цел, нашиот идеал.“

– „Најголема инвестиција на Меѓународниот балкански универзитет е во луѓето од регионот“ 

Истакнувајќи дека овој посебен ден се собрани тука, почитувајќи го минатото, да ја споделат среќата гледајќи кон иднината со надеж и да го прослават овој значаен празник со ентузијазам, заедно со културните богатството и обединувачката моќ на Туркије, претседателот на Управниот одбор на ИБУ, Реџеп Сулејман Оздил, рече: „Најголема инвестиција на Меѓународниот балкански универзитет е во луѓето од регионот. Нашиот универзитет, кој придонесува за академската заедница во регионот преку едукација на вредни и успешни поединци, отсекогаш бил извор на гордост во овој аспект.“

Ректорот на ИБУ, проф. д-р Љутфи Сунар, истакна дека во Северна Македонија, каде што заедниците живеат во мир, многу е убаво што секоја заедница ги слави своите посебни културни денови.

Посочувајќи дека луѓето во различни делови од светот понекогаш немаат таква можност, ректорот Сунар истакна: „Додека овде во мир уживаме во можностите на квалификуван универзитет, денес децата, младите и луѓето се борат да преживеат на улиците на Газа, лишени од најосновните права на живот. Се надеваме дека овдешното искуството, почитта еден кон друг и заедничкиот соживот ќе бидат пример за другите делови од светот.“

Сунар нагласи дека е гордост постоењето на турски универзитет во Скопје, кој го опиша како срцето на Балканот.

Во рамките на програмата настап имаа студентите на ИБУ, а беше одржана и свечена церемонија на облекување на наметката на новоименуваниот ректор Сунар, како и на членовите на факултетот што постигнаа академски напредок во рамките на универзитетот, а беа доделени и подароци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ ќе плати за да се огради од нас

Следно

Нејасен епилогот за член на ДИК – Касами: Се обидуваат да го игнорираат ова право на опозицијата

Latest from Blog

Општина Битола со поддршка од Владата ги подобрува локалните патишта

Општина Битола во тековната година освен своите програми, ќе реализира и проекти одобрени од вториот повик на Владата за изградба и реконструкции на патишта во населените места во општината. Изградба на коловоз

Општина Битола со апел до сопствениците на напуштени и небезбедни објекти

Општина Битола испрати писмено известување до 24 сопственици на куќи кои претставуваат потенцијална опасност од рушење или паѓање на делови од куќа врз коловоз или тротоар во градот. Од Општина Битола очекуваат

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

фото: Manchester Utd (X) Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи
Go toTop