Општина Тетово информира дека во сабота, 28 февруари по повод повод официјалната посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај на градот ќе има привремени безбедносни мерки и забрана за паркирање на повеќе улици.
Општина Тетово препорачува возила да не се паркираат на следните булевари и улици
-Булевар „Маршал Тито“ од почетокот до кружниот тек кај пазарот со булевар „Благоја Тоска“
-Булевар „Благоја Тоска“ од кружниот тек со булевар „ Маршал Тито“ до зградата на Општина Тетово
-Улица „ЈНА“ („Дервиш Цара“) во целост, до семафорите
-Улица „Илинденска“ од Основен Суд до Универзитетот на Југоисточна Европа
-Улица „Киро Ристоски-Дрнц до Арабати Баба Теќе
-Улица ВонВардарска
-Улица „172“
Возилата паркирани спротивно на известувањето ќе бидат отстранети од страна на службите, велат од Општина Тетово.
Извор: zurnal.mk


