Во Рим забранети демонстрациите за поддршка на Палестина планирани за 5 октомври

September 25, 2024
1 min read

РИМ (АА) – Демонстрациите за поддршка на Палестина планирани за 5 октомври во Рим, главниот град на Италија, се забранети, пренесува Анадолу.

Полициската управа во Рим забрани два пропалестински марша планирани да се одржат во главниот град на 5 октомври, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Во оцената на Одборот за јавен ред и национална безбедност, кој се состана синоќа под претседателство на министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси, се наведува дека тенденцијата за забрана на протестите на 5 октомври е зголемена бидејќи се совпаѓа со годишнината од 7 октомври 2023 година, поради причини што би можеле да доведат до инциденти.

Медиумите објавија дека Еврејската заедница во Италија и некои десничарски политичари побарале забрана на овие маршеви, кои се совпаѓаат со годишнината од почетокот на крвавата израелска офанзива врз Газа.

„Ќе ги дозволиме сите форми на слободно изразување, вклучително и легитимна критика, против која било влада, без оглед дали тоа е израелската Влада, палестинската Влада или италијанската Влада, но нема да дозволиме формули за славење масакри“, изјави претходно министерот за внатрешни работи Пјантедоси.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По иницијатива на ДКСК, ОЈО Скопје почна постапка против поранешниот организациски директор на Клиниката за токсикологија

Следно

Рафаел Варан се повлекува од фудбалот

Latest from Blog

БВ ИНЖЕНЕРИНГ: Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот

Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот. До завршување на градежните активности и официјалното предавање на објектот за употреба на инвеститорот, забрането е движење

Тачи: Нема документ за поделба на Македонија, идејата беше пласирана од УДБА

Лидерот ДПА, Мендух Тачи, по оддавањето почит по повод годишнината од смртта на Арбен Џафери, реагираше на тврдењата на Али Ахмети за наводен документ што предвидувал поделба на Македонија. Тачи истакна дека

Претседател на Федерација тајно застана зад Инфантино, во УЕФА се бесни!

Нова контроверзност го тресе европскиот фудбал, а вниманието е насочено кон претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Според новинарот Ромен Молина, Дијало наводно го поддржува
Go toTop