Во Пустец промовирана книгата „Преспа по патеката на знаењето” од Цветко Малевски

May 15, 2024
1 min read

Во просториите на гимназијата „Трајан Ѓеорѓиевски и Митре Колефски” во Пустец денеска беше промовирана книгата „Преспа по патеката на знаењето” од авторот Цветко Малевски од Пустец, Република Албанија.

На промоцијата на книгата присуствуваа градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, отец Алекс Темелко и отец Ропи Арѓири, како и поранешни и сегашни просветни работници од училиштата во Мала Преспа.

За книгата зборуваше Ефтим Митревски, уредник на весникот „Преспа” и авторот Малевски кој речиси целиот работен век го поминал како учител во подрачјето на Мала Преспа.

Малевски нагласи дека за пишувањето на оваа книга користел од објавената литература за училиштето во Пустец, оставените белешки во архивата во училиштето во Пустец, книгите на Стерјо Спасе, дневникот на првиот учител Борис Малевски, спомените на постарите жители, на поранешните ученици од ова училиште.

книга Цветко Малевски

-Идејата за пишување на ова книга се роди на 21 декември 2019 година, кога во Тирана, партијата Македонска алијанса за европска интеграција, на иницијатива на Васил Стерјовски и Фоте Никола организираше научна конференција по повод 75 години од образованието на мајчин македонски јазик во Албанија, каде учествував со свој реферат за првиот учител Борис Малевски, рече авторот.

Според него, развојот на образованието во Преспа може да го поделиме во три периоди – Првиот период почнува од стари времиња до 1924 година. Вториот период почнува од 1924 година до ноември 1944 година и третиот период почнува од ноември 1944 година до денешно време.

-Во книгата се опфатени сите учители што дале придонес во образованието во подрачјето на Преспа, првите учители на македонски јазик од Македонија, обрзованието на мајчин македонски јазик во подрачјето на Преспа како и за истакнати личности кои завршиле во нашите училишта во Преспа и кој успеале во разни професии во Албанија и во други држави каде што студирале, нагласи тој.

Посака оваа книга да послужи како поттик за нови студии за образованието и културата во Пустец.

-Убеден сум дека во иднина учителите од ова училиште ќе се навратат на оваа тема дополнително збогатувајќи ја со нови информации врз основа на нивното истражување. И сега имаме легитимно право да се гордееме што пламенот на тој факел што беше запален рано во Преспа толку силно свети во нашите денови… Секогаш мора да се движиме со времето, во име на вредностите, изјави Малевски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пелистер го совлада Работнички, ќе игра со МЗТ за титулата

Следно

Атентаторот не се согласувал со владината политика на Фицо

Latest from Blog

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните
Go toTop