Во Прилеп голема еко-акција за чиста животна средина

November 15, 2025
1 min read

Се чистеше на 20 локации во околината на Прилеп, а една од нив е околината на прилепското село Волково каде треба да се направи катче за рекреација.

-Сите простори околу градот треба да бидат чисти- просторите за пешачење, за рекреација, излетничките места.  Паралелно со тоа ја подигнуваме свеста за чиста еколошка средина. Прво, треба да ја подгнуваме свеста за чиста и здрава животна средина и околина, второ, јавните комунални претпријатија да ги подигнеме на повисоко ниво на функционирање со зголемена механизација и последно да остане системот на присила зашто кај некои граѓани мора да се зголеми еколошката свест бидејќи истураат отпад каде ќе стигнат. Планираме да има неколку пункта каде и досега граѓаните оставале отпад, барем јавните комунални претпријатија оттука да го собираат отпадот, изјави прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.

Прилепската локална самоуправа најавува догодина да има и видео надзор кој ќе го контролира фрлањето смет, а се размислува и за донесување правилник за комунален ред.

Одлагањето на отпадот се врши во попладневните часови, а според Законот за јавна чистота може да постапува и полицијата. Потребно е и изрекување казни.

– За да се изречат казните треба на лице место да се фати оној што истура отпад, вели Цветанка Николоска, инспектор за заштита на  животната средина.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оддадена почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

Следно

Ѓорѓиевски: Да ја негуваме културата на читање, тоа е наша обврска

Latest from Blog

МААЕ: Нападите во близина на иранската нуклеарка може да предизвикаат катастрофа

Нуклеарката на југот од земјата, опремена со реактор од 1.000 мегавати, е погодена четири пати од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран. „Реален ризик од нуклеарна несреќа“ Директорот на МААЕ,

Советот на странски инвеститори ги поздравува напорите на Владата за решавање на проблемот на македонските транспортери

Советот на странски инвеститори ги поздравува напорите на Владата за решавање на проблемот на македонските транспортери со новиот Систем за влез/излез на ЕУ (ЕЕС) и особено најавата на вицепремиерот и министер за

Берзански ден со 25,01 милиони денари промет: Пивара Скопје во подем, банките активни

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.   На берзанската сесија од 6 април 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,21% и заврши на 10.079,47 поени,
Go toTop