ВО ПРЕГОВОРИ СМЕ ЗА ПРОСТОР ЗА РАБОТА НА ЏЕЗ-ОРКЕСТАРОТ, ВЕЛИ ЉУТКОВ, КАНЦЕЛАРИИТЕ ПОД ОПЕРАТА УШТЕ НЕ СЕ ГОТОВИ

August 5, 2025
1 min read

Во преговори сме за еден простор кој би бил феноменален за работата на Националниот џез-оркестар (НЏО), вели министерот за култура и туризам Зоран Љутков, додавајќи дека повеќе детали ќе каже следниот месец.

Од претходната Влада на 14 март 2024, Џез-оркестарот како траен дом ги доби просториите под Националната опера и балет (НОБ) од околу 500 квадратни метри, каде ќе има простории за работа на оркестарот, простории за проби, магацин за инструменти, канцеларии за администрација, студио за снимање и режија. Проектот е вреден 10 милиони денари (над 160.000 евра).

На минатонеделниот брифинг со Љутков, го прашавме министерот до каде е постапката со просториите, а тој одговори:

„Таму вложивме доволно средства, но мораше прво да се покрие горниот дел кој е над платото, да го заштитиме пред да влеземе внатре. Сега обезбедивме дополнителни средства, ќе се заврши и тоа, но јас би ве замолил за многу кратко време, се надевам до септември, ќе зборуваме за една тема за која уште сме во преговори. Ќе видиме за еден простор, освен канцелариите, кој би бил феноменален за работата, но не само за работа туку и за некои други ситуации. Ова е само привремено, но секако ќе им треба нешто повеќе да завршат преговорите“, ни рече министерот.

Лани во јули, од Министерството за култура рекоа дека Националниот џез-оркестар сѐ уште не може да се всели во просториите бидејќи протекувало платото над просторот и треба да се санира.

„Поради утврдено протекување од платото над просторот наменет за потребите на Национална установа (НУ) Џез-оркестар, во тек е процедура за објавување на јавна набавка за санација на платото како би се обезбедиле услови за понатамошно опремување на просторот наменет за потребите на НУ Џез-оркестар. Без оваа интервенција не може да се продолжи со преостанатите позиции предвидени со проектот за реконструкција и адаптација на просторот“, ни рекоа пред една година од Министерството на нашето прашање до каде е реконструкцијата на просторот.

Националниот џез-оркестар беше формиран во март 2023. Нема своја сала, па концертите, кои се секогаш распродадени, ги одржува во Филхармонијата и Македонскиот народен театар (МНТ).

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожарот во фабриката „Мирана“ во Велес е локализиран утрово

Следно

Осомничен за илегална трговија со дрога ја искинал наредбата за претрес во неговиот дом, ОЈО Гевгелија поведе истрага

Latest from Blog

Барса го освои трофејот “Хоан Гампер“, Родри претставен на “Камп Ноу“, а еве зошто Кансело се налути!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ И тоа како вечерва беше интересно на “Камп Ноу“. Имаше од се по нешто. Имено Барселона го освои трофејот “Хоан Гампе“, во меч кој се игра по традиција пред стартот на

СиЕнЕн: АКО КРАЈ НА ВОЈНАТА СО ИРАН Е ВРАЌАЊЕ НА ПРЕТХОДНАТА СОСТОЈБА – ЗОШТО Е ВОДЕНА?

Еден од најголемите проблеми на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во излегувањето од војната со Иран се претходните, досегашни списоци на апсолутистички цели што ги поставиле Трамп и неговиот тим за

Вода имаме, канализација не за сите, 72,6 отсто од отпадните води непречистени

Македонија има висок процент домаќинства приклучени на јавен водовод, но кога водата ќе помине низ домовите, сликата станува многу понеповолна. Само 75,5 отсто од становите се поврзани со јавна канализација, 13 отсто

Проданоски: Сите расположливи сили се мобилизирани за пожарот во Мариово

Сите расположливи сили и ресурси се ставени во функција на ставање под контрола на пожарот во Мариово, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Како што посочува Проданоски, на терен повторно се

Астон Вила се пофали со Руџери и Сузуки

Екипата на Астон Вила пред самиот старт на сезоната, објави дека се засилува со две нови имиња. Тоа се Матео Руџери и Зајон Сузуки. Италијанецот доаѓа од Атлетико Мадрид, за 25 милиони
Go toTop