Во пожарот во Чучер Сандево изгоре магацинот на „Фриком“ – сите вработени се безбедни, започната е проценка на штетата

July 10, 2025
1 min read

Пожарот во општина Чучер-Сандево вчера ги зафати и просториите на „Фриком“. Изгоре магацинот на „Фриком“,  кој како дистрибутивен центар, ја снабдува цела Македонија. Благодарение на брзата реакција на службите и компанијата нема настрадани, сите вработени се на безбедно.

„Најважно за нас е што ниту еден од вработените и луѓето што учествуваа во гаснењето на пожарот не е повреден. Нашите тимови веќе работат на проценка на состојбата и реорганизирање на деловните планови, за да можеме што поскоро да обезбедиме непречена дистрибуција и да се вратиме на секојдневните работни рутини. Неизмерно сме благодарени на сите вработени кои веднаш покажаа неверојатна подготвеност да се прилагодат на ситуацијата.“ изјавија од „Фриком“.

„Во овие тешки моменти, не смееме да заборавиме дека не сме единствените. Стотици семејства, претпријатија и заедници низ државата се соочуваат со последици од огнените стихии. Нашите мисли се со сите погодени и наша обврската како компанија, и пред сè како луѓе, е да покажеме солидарност и разбирање.“, додаваат од компанијата.

„Фриком“ веќе формираше кризен тим кој утрово ја направи првата проценка на штетата. Во меѓувреме, испораките и активностите се привремено прекинати, а клиентите ќе бидат навремено информирани за следните чекори. Се работи на брзо воспоставување непречена дистрибуција.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Бугарија за еден ден регистрирани 279 пожари

Следно

Шефот на албанската дипломатија Хасани: „Военото присуство на Албанија во Латвија е доказ за посветеноста кон НАТО“

Latest from Blog

УБАВИНА БЕЗ ФИЛТЕР: Зошто природниот изглед се враќа, по години перфекционизам

Уморни сме од совршенството што не постои – и конечно ја избираме автентичноста пред илузијата. Со години гледаме лица без пори, тела без несовршености и животи без грешки. Филтрите станаа вообичаени, а

Муцунски: Делегацијата во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за развивање на домашната економија

Министерот за надворешна работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва истакна дека македонската владина делегација на Светскиот економски форум во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за
Go toTop