Шефот на албанската дипломатија Хасани: „Военото присуство на Албанија во Латвија е доказ за посветеноста кон НАТО“

July 10, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Албанскиот министер за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, по повод посетата во Латвија, изјави дека присуството на Албанските вооружени сили во оваа земја претставува доказ за посветеноста на Албанија кон НАТО, јавува Анадолу.

Министерот Хасани, за време на неговиот престој во Рига, се сретна со неговата латвиска колешка Баиба Браже, и го посети контингентот на Албанските вооружени сили во кампот Адажи.

По средбата, Хасани објави на својот профил на X дека на средбата со Браже биле потврдени одличните односи помеѓу Албанија и Латвија, како и подготвеноста да се подигне соработката на стратешко ниво.

„Постојат големи можности за продлабочување на соработката во клучни области како што се образованието, кибербезбедноста, туризмот и културната размена. Оваа посета е важен чекор кон изградба на одржливо партнерство меѓу Албанија и Латвија“, напиша Хасани.

Тој искажа благодарност до Латвија за континуираната поддршка на Албанија во процесот на европски интеграции и додаде:

„Принципиелниот став на Латвија во Брисел е важен не само за Албанија, туку и за кредибилитетот и стратешката кохезија на Европската Унија. Во сегашните геополитички услови, проширувањето не е само трансформациски процес – тоа е стратешка неопходност. Борбата против руската агресија уште појасно покажува дека вклучувањето на земјите од Западен Балкан е инвестиција во мирот и стабилноста на Европа. Латвија длабоко го разбира тоа и ние искрено ја цениме таа посветеност.“

Хасани ја нагласи важноста на латвиското искуство во обезбедување практична поддршка на Албанија за време на пристапните преговори.

„Очекуваме да го продлабочиме нашиот билатерален дијалог за реформите и да го искористиме латвиското искуство во области како што се дигиталната управа, јавната администрација и одржливиот развој“, додаде Хасани.

По посетата на Албанските вооружени сили во кампот Адажи, тој изјави:

„Горд сум на сите 22 мажи и жени кои служат со професионалност и посветеност – ценети од нашите домаќини во Латвија. Тие ја претставуваат непоколебливата посветеност на Албанија кон НАТО и колективната одбрана.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во пожарот во Чучер Сандево изгоре магацинот на „Фриком“ – сите вработени се безбедни, започната е проценка на штетата

Следно

Миркуловски: Дома си е дома, мора да имаме комуникација со сите генерации

Latest from Blog

Коњановски со признание „Менада“ на завршницата на „Танц фест“

Со моќната изведба на „Будење“, во кореографија на Рисимна Рисимкин, синоќа во Народниот театар Битола беше затворено 22-то издание на фестивалот „Танц фест“. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, пред почетокот на

Младоженец е убиен додека одел на сопствената свадба, причината е морничава

Невидениот злостор се случил во областа на полициската станица Кета Сараи, соопштија официјални лица. Според началникот на полицијата во Кунвар, Анупам Сингх, обвинетиот, идентификуван како Прадип Бинд, заедно со соучесник, отворил оган

Хоџа: Потребни се заеднички решенија за климатските предизвици

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествуваше на министерската тркалезна маса на 5-тиот Меѓународен форум за води што се одржува во Истанбул, Република Турција. Во своето обраќање, тој ја

ЛШ: Арсенал по 20 години повторно ќе игра финале, Сака е херојот на Лондон (ВИДЕО)

По дводецениско чекање, навивачите на Арсенал ќе имаат можност да гледаат уште едно големо финале во Лигата на шампионите на УЕФА во кое ќе настапи нивниот омилен тим. „Топчиите“ минимално со 1:0
Go toTop