Во поголемиот дел од САД загаден воздух поради пожарите во Канада

June 28, 2023
1 min read

Жителите на американскиот Среден Запад денеска повторно се разбудија од силно загадениот воздух и чадот од шумските пожари во Канада. Во Чикаго, третиот најнаселен град во САД, небото втор ден по ред е сиво, а голем број од жителите носат маски

Преку 500-те активни пожари во Канада, од кои половината се надвор од контрола, предизвикаа загадување на воздухот и во САД, но и во Европа.

Провинцијата Квебек се соочува со историска и особено рана сезона на пожари. Според проценките, оваа криза најверојатно ќе продолжи бидејќи се уште не е достигнат врвот на летото.

Квалитетот на воздухот денеска е лош и во Торонто, а се очекува нагло да се влоши во Отава, објавија канадските власти.

Жителите на американскиот Среден Запад денеска повторно се разбудија од силно загадениот воздух и чадот од шумските пожари во Канада. Во Чикаго, третиот најнаселен град во САД, небото втор ден по ред е сиво, а голем број од жителите носат маски. Надлежните советуваа да се ограничи престојот на отворено, особено за децата и бремените жени. 

Во Детроит, пак, индексот на загаденост на воздухот на американската Агенција за заштита на животната средина (ЕПА) покажува ниво кое е многу штетно за здравјето. Се очекува чадот да се движи кон исток и да стигне до областа Вашингтон во текот на денот или ноќта, изјави научникот за загадување на воздухот на НАСА, Рајан Стауфер.

Властите во Њујорк ги предупредија жителите дека квалитетот на воздухот ќе се влоши денеска и утре и организираа дистрибуција на маски.

НАСА на 26 јуни објави дека чадот од канадските пожари стигнал до југозападна Европа и објави сателитска снимка на која се гледа сив облак над северна Шпанија и Португалија.

Квалитетот на воздухот таму сепак треба да остане прифатлив бидејќи, кога чадот ќе стигне до Европа, се наоѓа во горните слоеви на атмосферата, прецизира НАСА. 

Иако сè уште не е спроведена студија за проценка на директната врска помеѓу климатските промени и сегашните шумски пожари, научниците инсистираат дека глобалното затоплување, предизвикано од човековата активност, генерално го зголемува ризикот и интензитетот на шумските пожари.

За време на првиот поголем инцидент со загадувањето на воздухот на почетокот на јуни, кој го зафати целиот североисток на САД, американскиот претседател Џо Бајден оцени дека тоа е „брутален потсетник за последиците од климатските промени“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Унгарија го одложува гласањето за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

Следно

Се слушаат полициски коли низ Карпош: Масовна тепачка меѓу две групи, неофицијално има потешко повредени

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop