Во периодот јануари-ноември 2024 година Грција ја посетиле над 35 милиони туристи

January 21, 2025
1 min read

Бројот на туристи кои ја посетиле Грција во периодот јануари – ноември 2024 година е зголемен за 9,7 отсто, споредбено со една година претходно, додека пак приходите од туризмот бележат пораст од 4,9 проценти, според прелиминарните податоци од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, за 11 месеци, Грција ја посетиле 35,1 милиони туристи, наспроти нешто повеќе од 32 милиони во истиот период во 2023 година, а приходите за земјата се 21,2 милијарди евра,

Конкретните податоци покажуваат дека 2024 година ќе биде рекордна за земјата и поуспешна од ланската со оглед на тоа што во текот на 2023 година, земјата ја посетија 32,7 милиони туристи, a приходите од туризмот беа 20,5 милијарди евра.

Зголемувањето на приходите, според Банката на Грција, се должи на зголемувањето на приходите од жителите на земјите од Европската Унија за 6,3 отсто и од жителите на другите земји за 0,5 проценти.

Во однос на бројот на туристи, пораст има и на бројот на посетители и од земјите на ЕУ (за 10,8 проценти) и од земјите вон Унијата (за 8,1 отсто).

Патничкиот сообраќај преку аеродромите бил зголемен за 10,2 отсто, а преку копнените гранични премини за 9,5 проценти. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓоковиќ го победи Алкараз и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен

Следно

Димовски оствари редовна работна средба со Вебтек, проектот за нова инвестиција активно напредува

Latest from Blog

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.
Go toTop