Во општина Ѓорче Петров се одржа трибина за превенирање на насилството меѓу младите

December 16, 2023
1 min read

Во општина Ѓорче Петров се одржа трибина за превенирање на насилството меѓу младите.

– Продуктивна дискусија на денешната трибина во Центарот за култура во Општина Ѓорче Петров за превенирање на насилното однесување меѓу децата и учениците, којашто беше иницирана и реализирана од советниците од Советот на Општина Ѓорче Петров, кои се дел од Комисиите за спорт, култура и образование, порача градоначалникот на општината Александар Стојкоски. 

– Имајќи во предвид дека воспитанието и образованието се столбот на секое современо општество, ова беше одлична можност со стручнаци да се поразговара на оваа тема. За жал, сериозен проблем во последнава деценија со кој се соочува општеството, а посебно воспитанието и образованието како негов значаен сегмент е меѓуврсничкото насилство. Воспитно-образованите институции, но и пошироката заедница се исправени пред предизвикот да се соочат со барање соодветни стратегии и начини за намалување и превенирање од насилно однесување, додаде тој. 

На трибината беа опфатени неколку целни групи: директори, стручни служби, наставници (од одделенска и од предметна настава), професори, претставници од совети на родители од предучилишните, основните и средните училишта на територија на општина Ѓорче Петров, воспитувачи, негователи, претставници од спортските клубови, ученици и граѓани.

Стојкоски упати благодарност до реномираните универзитетски професори Ана Фрицханд (доктор по психолошки науки), Елизабета Томевска-Илиевска (доктор по педагошки науки) и Иван Анастасовски (доктор на науки од областите на кинезиологијата и социологија на спортот) за одличната интерактивна трибина со динамична комбинација на теоретски и практични сознанија со цел да им се помогне на учесниците.

– Како локална самоуправа ќе продолжиме со организација на вакви настани со цел превенција при евентуално врсничко насилство. Како општина веќе преземавме сериозни чекори во оваа насока и ги вклучивме сите засегнати страни во превенирањето, вети тој. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Снимателот на Ал Џезира Самер Абудака убиен во израелски напад на југот на Газа

Следно

Забрана за сообраќај на повеќе патни правци во државата

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop