Во Њујорк отворена изложбата „Жените во македонската архитектура: Обновата на Скопје“

August 11, 2025
1 min read

 Во Македонскиот културен центар во Њујорк (545 W 52nd St) отворена е архитектонската изложба „Жените во македонската архитектура: обновата на Скопје“ (Women in Macedonian Architecture: Rebuilding Skopje), проект од национален интерес во културата за 2025 година.

Изложбата, како што информира Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата – Континео 2020, Скопје, е отворена на 9 август, а јавноста ќе може да ја погледне до 30 август годинава.

– Резултат на повеќегодишно истражување, изложбата пред американската и меѓународната јавност го претставува креативниот придонес на жените архитекти во македонската архитектура, со нагласок на нивната улога во модернизацијата на Скопје за време на постземјотресната обнова на градот. Истражувањето, исто така, претставува придонес и кон актуелната глобална дебата за улогата на жените во архитектурата и општеството, со цел за придонесе за подобро разбирање, поголема видливост и културолошко вреднување на архитектонското наследство кое тие го оставиле на идните генерации, се вели во соопштението.

На изложбата во Њујорк се претставени повеќе од 30 дела на избрани архитектки: Мимоза Несторова Томиќ, Вера Ќосевска, Љубинка Маленкова, Олга Папеш, Василка Ладинска, Прохирија Хаџи Костова Пешиќ, Нада Савеска, Донка Петкова Костиќ и Росанда Мичева. Образувани во веќе реномираните архитектонски школи и културни центри во поранешна Југославија – Белград, Загреб и Љубљана, каде архитектонскиот модернизам навлегувал директно од европските центри – Париз, Берлин, Виена, Прага итн., по враќањето во Скопје и работата во бројни проектански организации тие извршиле силно влијание врз развојот на македонската архитектонска сцена, ширејќи ја модернистичката идеја и култура помеѓу помладите генерации на архитекти.

Автори на изложбата се архитектите Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков, Јован Ивановски, Теа Дамјановска и Михајло Стојановски. Истражувањето било финансирано во 2021 година од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, додека реализацијата на изложбата во Македонскиот културен центар во Њујорк е подржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија, Македонскиот културен центар во Њујорк, Организацијата „Македонија 2025“ и Континео 2020.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА ХРВАТСКА ПЕЈАЧКА ГАБИ НОВАК

Следно

Мицкоски: На овие избори да зборуваме за проекти, а не за теми пред 20 години

Latest from Blog

Бортников: Во Русија спречени атентати врз високи функционери и воени команданти

Во Русија неодамна беа спречени повеќе обиди за атентати врз високи државни функционери и припадници на командниот кадар на Оружените сили и на Руската национална гарда, изјави директорот на Федералната служба за

Мицкоски: Забрзано се одвива изградбата на капиталните инвестиции, до сега се реализирани околу 25% од предвидените за 2026 година

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во изградба на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, Општина Чучер Сандево. Вкупниот износ на овој проект изнесува 129.717.440 денари. -Добар ден и од мене.

Лафчиски ја заврши посетата на САД со средби во Пентагон

Лафчиски ја заврши посетата на САД со средби во Пентагон Началникот на Генералштабот на Армијата, Сашко Лафчиски, ја заокружи повеќедневната работна посета на Соединетите Американски Држави со серија средби со високи претставници
Go toTop