Во новиот број на „Современи дијалози“ прилози од 75 автори и осум ликовни уметници

November 29, 2023
1 min read

Излезе од печат списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ бр. 13 за 2023 година, издание на Македонско научно друштво-Битола.

Новиот број на „Современи дијалози“ содржи прилози од вкупно 75 автори и осум ликовни уметници од земјата и од странство, а читателите можат да прочитаат поезија, проза, книжевна и театарска критика.

Во рубриката „Акценти“ застапени се прилози од трибината за писателот Владимир Костов, за одбележувањето на 63-годишното постоење на Македонското научно друштво-Битола кое го раководи проф. д-р Невена Груевска, и за тематската вечер „Интерфест, тридецениски културен белег на Битола“ во организација на МНД-Битола. Во рубриката „Паралели“ посветена на меѓународната соработка, застапени се 46 автори од 33 држави во светот, меѓу кои Саудиска Арабија, САД, Германија, Обединети Арапски Емирати, Белгија, Романија, Кореја, Шпанија….Корицата ја дизајнираше Весна Мундишевска-Велјановска со скулптура од Витолд Закржевски, фотографија од Томас Вендланд од Полска, соопштија од МНД-Битола.

Списанието е финансирано од Министерството за култура, а го уредува редакција составена од професор д-р Даниела Андоновска-Трајковска, главен уредник, Весна Мундишевска-Велјановска, професор д-р Силвана Нешковска и доцент д-р Анита Ангелевска со помош на меѓународен уредувачки одбор.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Блинкен попладнево во Скопје

Следно

Дипломатот што ја издаде американска политика кон Палестина

Latest from Blog

Божиновска: Поддршката од САД е значајна за реформите во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската
Go toTop