Во Македонија храната се чува во несоодветни услови, она што го откриле инспекторите на терен е запрепастувачко

April 17, 2025
1 min read

Оливер Миланов, директор на АХВ вчера беше гостин во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21.

Тој откри дека има многу небезбедна храна во Македонија, и дека досега се откриени 300 тони.

„Вкупно се откриени околу 300 тона небезбедна храна поради неусогласености или недоследности на истата таа храна. Станува збор за кондиторски производи, млечни, сувомеснати, преработена храна, за природни минерални води, мед, овошје, зеленчук“, порача Миланов.

Миланов вели дека има места каде што храната се чуваа во несоодветни услови.

„Кога ќе биде пуштена во промет, во однос на храната која треба да биде термички да биде обработена или чувана, или во магацин кој е пријавен од нивна страна, а е складирана во друг простор каде нема термички режим на работа, на таков вид наидуваме многу на терен“, истакна Миланов.

Директорот на АХВ кажа дека бил запрепастен од она што го затекнале инспекторите на терен во Охрид, Струга, Преспа и Дојран.

„Тој што го видов во овие места беше запрепастувачки. Имаше многу нерегистрирани оператори, откривме 8,8 тони небезбедна храна“, истакна Миланов.

Оливер Милано се пожали дека Агенцијата за храна и ветеринарство се соочува со недостаток на инспектори, што го отежнува спроведувањето на редовните контроли на безбедноста на храната.

„Во пензија лани отидоа десетина инспектор, оваа година одат 18. Недостасуваат најмалку 25 инспектори“, вели Миланов.

Целото издание на Бизнис21 со Оливер Миланов може да го погледнете низ следното видео:

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МОЌНАТА „ЦРНО СЕМЕ“ НА БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР ЈА ТРОГНА И РАСПЛАКА ПУБЛИКАТА

Следно

Анчелоти за неговата иднина во Реал: Не знам и не сакам да знам

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop