Во лукративниот свет на факт-чекерите

August 27, 2023
1 min read

Два од најмоќните австралиски универзитети и технолошкиот гигант Мета воделе кампањи за замолчување на медиумското покривање на престојниот референдум за уставни измени со кои на Абориџините би им се дала поголема системска улога во државата.

Истражување на австралскиот Скај њуз обелодени дека глобалниот систем за проверка на факти што го користи Мета е неусогласен со нивните сопствени правила за непристрасност и транспарентност.

Во еден случај, на Кралскиот институт за технологија во Мелбурн му било дозволено да деплатформира делови од австралиското новинарство, и покрај тоа што платформата знаела дека тоа е прекршување на правилата кои Закерберг ги воспостави за да се дистанцира од одговорностите околу проверките на факти.

Закерберг упорно повторува дека Мета не сака да биде арбитер на вистината и дека содржините ги проверува независна меѓународна мрежа за проверка на факти. Меѓутоа, Скај њуз докажа дека технолошкиот гигант потпишал таен комерцијален договор директно со наведениот Кралски институт  со кој одделот за проверка на факти се плаќа 740.000 долари годишно.

Кога се потпишувал договорот, тие имале лиценца (од Меѓународната мрежа на факт-чекери), но лиценцата им истекла во декември а тие продолжиле да ја цензурираат политичката дебата околу референдумот.

Тие се само една оде 55-те инстанци кои со истечени лиценци продолжуваат да решаваат што и како ќе се појави на социјалните мрежи.

Факт-чекерите на Кралскиот институт толку се имале умислено дека се богови на вистината што и од приватни профили воделе црни кампањи против луѓе од опозицијата, етикетирајќи ги како расисти и слично.

Како кај нас.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски ги прими лауреатот, добитниците на награди и организаторите на 62. издание на Струшките вечери на поезијата

Следно

Тврдат дека не се почитува колективниот договор – постојат шанси учебната година да започне со штрајк

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop