Во Лондон денеска почнува судењето на Грета Тунберг

February 1, 2024
1 min read

Шведската климатска активистка, Грета Тунберг, денеска ќе се појави пред судот во Лондон под обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, поради протестот пред зградата каде минатата година се одржа конференција за нафта и гас.

Британските медиуми пишуваат дека Тунберг, заедно со уште четири лица, беше уапсена во октомври пред хотелот во Лондон, каде што на енергетски форум присуствуваа  лидери од оваа индустрија.

Сите петмина обвинети се изјаснија за невини, а со нивното судење, кое се очекува да трае најмалку два дена, ќе претседава судија без порота.

Доколку бидат прогласени за виновни, тие се соочуваат со максимална казна од 2.500 фунти.

Други климатски активисти, меѓу кои и групата Гринпис, најавија дека ќе протестираат пред судот во знак на солидарност со обвинетите.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ на вонреден самит за обезбедување пари за Украина

Следно

Дел од Визбегово без вода

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop