Во Кривичен денеска треба да продолжи судењето за „Онкологија“

October 8, 2025
1 min read

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.

Одбраната на првообвинетиот Васев на минатото рочиште до Судот поднесе барање државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или делегира на друго обвинителство. Со оглед дека по предлогот е потребно да одлучи јавниот обвинител на РСМ, судот ја одложи расправата.

Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка од ОЈО Сопје Ана Гоговска Јакимовска.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, заедно со уште двајца онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката започна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина, по што судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет. 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Првпат откриено: ШТО ПРАВЕЛА И КАКО СЕ ОДНЕСУВАЛА ЦЕЦА ДОДЕКА БЕШЕ ВО ЗАТВОР

Следно

Дневен хороскоп за среда, 8-ми октомври 2025 година

Latest from Blog

НЕ МУ СЕ БРЗАЛО ДА СИ ПОДИГНЕ 120 МИЛИОНИ ЕВРА По две недели се појави добитникот на „Евроџекпот“

Околу две недели откако беа извлечени добитните броеви, се појави среќниот и „мистериозен“ добитник на европската лотарија „Евроџекпот“, со добивка вредна 120 милиони евра. Тоа е маж на возраст меѓу 30 и

Гоцевски: Нова урбана населба за младите брачни парови во Делчево

Драги делчевчани, ова зад мене е просторот на поранешното стрелиште, ќе создадеме нова урбана населба за домување,изјава на Иван Гоцевски, кандидат за градоначалник на општина Делчево од ВМРО-ДПМНЕ. Нови брачни парови да

Европската рударска треска отвора врата за Македонија: Новата индустриска карта на континентот

Вториот повик на Европската унија за Стратешки проекти според Законот за критични суровини (CRMA) го става рударскиот сектор во центарот на европската геополитичка и економска стратегија. Брисел вети револуционерно скратување на административните

Уште еден голем бренд влегува на македонскиот пазар:Pepco, наскоро ги отвора своите продавници во Скопје

Pepco ќе ги отвори првите продавници на македонскиот пазар во средината на 2026 година во Скопје, носејќи го еден од најголемите паневропски дисконти со широка понуда во 19-та земја. Отворањето го означува

Македонија домаќин на светски енергетски форум: „Од цели кон акција – енергија за иднината“

Од 28 до 30 октомври, Скопје ќе биде центар на глобалните разговори за енергетска иднина, како домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (14-IFESD). Настанот ќе се одржи во
Go toTop