Во Косовска Митровица синоќа уапсени четири момчиња од српска националност

September 10, 2024
1 min read

Четворица мажи од српска националност се уапсени доцна синоќа во северниот дел на Косовска Митровица, соопшти полицијата, а причина за тоа биле навреда и напад врз двајца полицајци.

Инцидентот се случил околу еден час по полноќ.

Полицијата тврди и дека тројца од нив биле под дејство на алкохол и затоа синоќа не биле во можност да дадат изјава.

Петрит Фејза од косовската полиција за северниот регион, за Коснет изјави дека младите момчиња на градското шеталиште прво навредувале, а потоа нападнале двајца полицајци, по што си заминале.

Еден од полицајците, тврдат од полицијата, се здобил со телесни повреди.

Од ноќеска на интернет кружат видеа од апсењето, а некои граѓани тврдат дека овие млади момчиња биле тепани пред и за време на апсењето.

Косовската полицијата негира дека имало примена на сила, но нагласува дека таа има право да употреби сила доколку лицето кое е предмет на апсење даде отпор или бега.

Уапсените млади момчиња во моментов се наоѓаат во станицата во Јужна Митровица.

Фејза вели дека таму било констатирано дека тројцата биле под дејство на алкохол, и дека им е одреден притвор до 48 часа.

-Бидејќи биле под дејство на алкохол, синоќа не можеа да дадат изјава. Затоа тие се приведени, па нивните изјави за овој настан ќе бидат земени денеска. После тоа ќе се одлучи што понатаму, изјави Фејза за Коснет.

Српската владина канцеларија за Косово и Метохија денеска соопшти дека апсењето и тепањето на тројца Срби во Косовска Митровица ја одразува антисрпската политика на косовскиот премиер Албин Курти и тортурата што секој ден ја трпат и ја доживуваат Србите на северот на Косово, пред очите на целата меѓународна заедница.

„Постојат недвосмислени докази за тоа – снимени болни сцени во кои се гледаат полицајците на Курти како фрлаат српски млади момчиња на земја и ги тепаат и влечат 10 минути, додека тие викаат, а потоа ги приведуваат со вперени долги цевки“, се наведува во соопштението на Канцеларијката.

Оттаму наведуваат дека бил приведен и „Србинот кој го снимал мачењето“ за да се отстранат трагите и доказите за полициската бруталност, „кои, за среќа, биле зачувани“.

„Посебно загрижува тоа што на родителите не им беше дозволено да ги видат децата, ниту пак српскиот медицински тим да ги посети и да ги прегледа, со оглед на тоа што младите беа жртви на докажана полициска бруталност“, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Јаневска: Образованите асистенти постепено се комплетираат во основните училишта, најрано во јануари и во средните училишта

Следно

Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче од 2018 и 2024

Latest from Blog

Почина тригодишно девојче, кое беше извадено од хотелски базен на островот Родос, 12 дена се борела за живот

Девојчето починало во недела, 26 октомври, по 12-дневна борба за живот. Девојчето првично било хоспитализирано во Родос, потоа префрлено со хеликоптер во болница на Крит, а потоа во Велика Британија, каде што

Били Ајлиш не сакајќи кажа колку милиони има на сметката, откако им се нафрли на милијардерите (ВИДЕО)

Нејзиниот говор на доделувањето на наградите за иноватори на списанието WSJ за 2025 година во Њујорк го постави прашањето: Колку навистина вреди Били Ајлиш? Нејзиното нето богатство се проценува на околу 53

Запленети над 50.000 фалсификувани играчки „Лабубу“

Првите заплени започнаа кон средината на септември во експресен товарен центар во регионите Сена и Марн, кога беа пронајдени палети од Белгија што содржеа 7.392 плишани играчки и 8.624 фалсификувани пакувања, објави

Силна експлозија во рафинерија за нафта во Ново Мексико, неколку повредени

Силна експлозија се случи денес во рафинерија за нафта во американската држава Ново Мексико, а официјални лица изјавија дека има повредени. По експлозијата, густ чад се издигнал над зградата, а противпожарната бригада
Go toTop