Во јужна Европа ќе се живее најдолго

July 29, 2024
2 mins read

Институтот за здравствена метрика на Универзитетот во Вашингтон неодамна издаде проекции за долговечност по земји во 2050 година.

Меѓу 20-те најдобри за доживување длабока старост се богатите како Швајцарија и Сингапур а Источна Азија ја претставуваат Јужна Кореја и Јапонија, долгогодишни лидери во долговечност.

Меѓутоа, постои географски кластер од релативно посиромашни земји, кои се држат одлично на оваа тема: Шпанија, Италија, Франција и Португалија (три блиски микродржави, Сан Марино, Малта и Андора, исто така, влегуваат во првите 20.)

Познато е дека здравјето и долгиот живот корелираат со БДП по глава на жител. Зошто тогаш јужна Европа ја надминува вообичаената врска помеѓу богатството и здравјето, па просечниот животен век во Шпанија (85,5 години во 2050 година) е подолг од оној на просечниот Данец (83,5)?

Многумина укажуваат на „медитеранската исхрана“ – риба, цели зрна, свежо овошје, зеленчук и маслиново масло. Сепак, некои потсетуваат дека режимите на исхрана многу се разликуваат од Португалија до Грција. Освен тоа, истражувачите откриваат дека денешните Медитеранци не се држат баш ревносно до диетата која им се припишува. Шпанија на ангро јаде пржена риба и солена шунка, деноноќно залевани со големи количини пиво.

Шпанците пијат повеќе алкохол и пушат малку повеќе од европскиот просек а се и меѓу најголемите корисници на кокаин во Европа.

Постои друг фактор во равенката: Шпанците ја водат западна Европа со поминати чекори дневно (просек 5.936 чекори). Студија од 2017 покажа дека земјите со „нееднаквост во активноста“ – малкумина посветени пешаци а многу легачи на кауч, како во Америка и Саудиска Арабија – имаат највисоки стапки на дебелина. Оние каде што сите повоедначено се движеле разумно, како во Шпанија, имаа ниски. Тоа очигледно ја има намалено смртноста од болести поврзани со дебелината. Четири од најпешачките градови во светот се во Шпанија.

Зошто Шпанците се движат толку многу? Нивните градови се густо населени; заодете се и ќе дојдете го до крај после кој нема ништо. Ниту културата ниту регулативата не ги фаворизираат распространетите предградија. И кога имаат изобилие земјиште, Шпанците сакаат да живеат еден до друг. Западните градови кои имаат за цел да создадат „15-минутни градови“, каде што повеќето потреби се во толкав печашки радиус, би можеле многу да научат од Шпанија.

Истата студија која ја разгледуваше „нееднаквоста во активноста“ ја испита урбаната Америка, откривајќи дека густите градови како Њујорк и Бостон имаат поголеми (и порамномерно распоредени) нивоа на активност од распространетите места како Атланта и Феникс.

Но, диетата и вежбањето пропуштаат важен дел од сложувалката. Прошетката во Шпанија е добра и за социјалниот живот. Градовите се изградени околу плоштадите каде што пријателите, семејството и колегите седат, јадат, пијат и разговараат. Тоа е добро за човек дури иако е седнат на вермут и чипс. Повеќе истражувања покажуваат дека социјалниот контакт е критичен за физичката и психолошката благосостојба.

Во таква атмосфера и со таков став кон животот, работата може а страда, ама па, ако.

Џон Клифтон, шеф на Галуп, откако нивно истражување покажа дека Шпанците се прилично несреќни и неангажирани на работа, за Ел Паис сумираше дека Шпанија е „најдобрата земја за живеење и најлошата земја за работа“.

Дури и релaтивната сиромаштија можеби помага: многу млади јужноевропејци не можат да добијат доволно добрo платени  работни места за да си дозволат да се иселат од домовите на нивните родители. На тој начин, семејните врски остануваат цврсти, вклучително и во тешки времиња како финансиската криза и пандемијата, пишува Економист.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија и Бугарија влетаа во уште една слепа улица – Коридорот 8

Следно

Прва жртва од пожарите – маж во кумановско Кокошиње почина како последица на вдишување на чад

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop